October 9, 2019

Одрекување од ризик: Примерот подолу е само за илустративни цели и се заснова на движења на цените добиени од Договори за разлика (CFD). Пресметките одразуваат хипотетички резултати со користење на историски или наведени податоци за цената на релевантниот инструмент на наведениот датум и не се показател за идните перформанси. Секое потпирање на овој материјал е строго на сопствен ризик на корисникот.
Еврото зајакна во споредба со доларот. Слаби податоци од американското производство и сектор на услуги вршеше притисок врз долатор минатата недела. Сепак, добри податоци од американскиот пазар на трудот, објавени во петокот, обезбедија поддршка за доларот.
Британската фунта ослабе бидејќи неколку британски медиски куќи објавија дека Брегзит преговори се блиску до пропаст и дека неуреден Брегзит би можел да им нанесе штета од 100 милијардни долари на јавните финансии. Во втоникот, Sky News објавија дека германската канцеларка Меркел му рече на британскиот премиер Џонсон дека договорот е „малку веројатен“.
Побарувачката по јапонскиот јен беше голема минатата недела. Според изгледот на средства на сигурно заслониште, како што е злато, слаби податоци од ЕУ и САД, вкупни трошоци на домаќинства се зголемија деветти месец по ред во вторникот, што му обезбеди дополнителна поддршка на јенот.
Генерално, индексот на доларот ослабе откако големина економски податоци покажаа голема можност за намалување на каматната стапка. Се очекува дека Федот ќе ги намали каматните стапки уште еднаш до крајот на месец. Ако ќе се случи тоа, тоа би можело да биде трето намалување оваа година.
Цената на злато паѓаше и се зголемуваше, но на крајот на недела беше малку повисоко, бидејќи во текот на неделата се сменуваа чувства за и против ризик.
Американските акции паднаа, и беа многу волатилни, поради стравови дека амерканската економија забавува. Фокусот на инвеститорите многу зависи од продолжување на трговски преговори меѓу САД и Кина, кои ќе се одржат овој чеврток и петок во Вашингтон.
Цената на сурова нафта падна. Забавување на американската економија ја повлече цената на нафта, додека трговците чекаат исходот на трговските преговори на високо ниво меѓу САД и Кина на оваа недела. Сепак, побавно производство на нафта во Сад ја поддржи цената на нафта.