November 6, 2019

Одрекување од ризик: Примерот подолу е само за илустративни цели и се заснова на движења на цените добиени од Договори за разлика (CFD). Пресметките одразуваат хипотетички резултати со користење на историски или наведени податоци за цената на релевантниот инструмент на наведениот датум и не се показател за идните перформанси. Секое потпирање на овој материјал е строго на сопствен ризик на корисникот.
Еврото малку се промени во однос на доларот. Октомвриските NFP податоци покажаа во петокот дека американскиот пазар на трудот се уште е еластичен, додека Федералните резерви одлучија минатата среда да ја намали својата клучна каматна стапка за 0.25% трет пат годинава. Сепак, банката синглизираше дека ќе паузира циклус на лабава монетарна политика додека економските податоци покажуваат спротивно, што го поддржи доларот.
Британскиот фунт малку се промени, но остана на пониските нивоа, бидејќи владата и опозицијата во Парламентот одлучија да ги организираат предвремени избори на 12 декември. Фунтата сега реагира главно на новости во врска со избори, се додека тие не се завршат и потоа фокусот ќе се врати кон Брегзит.
Јапонскиот јен беше многу волатилен и остро заздрави во однос на доларот но падна во понеделникот бидејќи апетитот за ризик продолжи да доминира на финансискиот пазар. Генерално, индекс на доларот падна минатата недела.
Минатата недела цената на злато остро се зголеми откако Федот намали каматната стапка и доларот стрмо падна во споредба со кошница на другите валути, што го направи златото поевтино за сопствениците во странски валути.
Американските акции продолжија да се искачуваат поради позитивниот сентимент, додека Dow Jones, Nasdaq и S&P500 или USA500 достигнаа новите највисоки нивоа. Apple и Facebook објавија подобри од очекувани тримесечни резултати, додека Кина и САД му се доближија на фаза еден на договорот. Останува прашање дали администрацијата на Трамп ќе се врати на претходните зголемувања на тарифи, што беше цената за Кси да дојде во САД за да го потпише договорот.
Цената на сурова нафта се зголеми минатата недела поради позитивните економски податоци од САД и Европа и надеж во врска со трговскиот договор меѓу Вашингтон и Пекинг. Во понеделникот, Саудиска Арабија објави нешто, што би можело да биде најголема светска почетна јавна понуда, бидејќи ќе продаде 5% на државниот произведувач на нафта „Saudi Aramco“ во вредност 15 трилиони долари. Другите вести покажаа дека растот на производство нафта од шкрилци забави од крајот на 2018, иако американското производство останува на рекордни нивоа.