November 27, 2019

Одрекување од ризик: Примерот подолу е само за илустративни цели и се заснова на движења на цените добиени од Договори за разлика (CFD). Пресметките одразуваат хипотетички резултати со користење на историски или наведени податоци за цената на релевантниот инструмент на наведениот датум и не се показател за идните перформанси. Секое потпирање на овој материјал е строго на сопствен ризик на корисникот.
Еврото ослабна во споредба со доларот минатата недела. Забавувањето на услужниот сектор во Еврозоната и бизнис очекувањата во Германија вршат притисок врз заедничката европска валута.
Британската фунта падна во однос на доларот бидејќи последните анкети на јавното мислење покажаа дека поддршката за Конзервативна партија падна на бројки помали од двоцифрени според некои анкети.
Јапонскиот јен исто така ослабна после извештаите дека главните преговарачи на Кина и САД одржаа телефонски разговори во обид да се заклучи првата фаза на договорот. Како знак на добра волја, Пекинг беше за заштита и спроведување на правата на интелектуална сопственост, во исто време вршејќи притисок за поопширни намалувања на тарифите, изјавија луѓето запознаени со ова прашање.
Генерално индексот на доларот, којшто ги следи перформансите на американската валута во споредба со шестите главни светски валути повторно се зголеми надминувајќи го нивото од 98 точки оваа недела.
Цената на златото продолжи да паѓа. Американската економија е во добра состојба и гувернерот на ФЕД Џером Пауел изјави во понеделникот, дека монетарната политика е добро позиционирана и може да го поддржи силниот пазар на трудот.
Индексот на американските акции го достигна новото највисоко ниво на сите времиња поради зголемување на надежта во врска со трговскиот договор и цврстите макроекономски основи.
Цената на суровата нафта се зголеми минатата недела по извештајот од САД и Кина коишто ја одржуваат живата надеж дека двете најголеми економии ќе се согласат да ја заклучат првата фаза на договорот. На страна на снабдувањето, ОПЕК+ ќе се состане на 5 и 6 декември во своето седиште во Виена. Додека голем број набљудувачи предвидуваат дека намалувањето на производството ќе продолжи до летото. Ј.П. Морган очекува дека ОПЕК+ ќе продолжи со намалувања до крајот на 2020 година.