January 8, 2020

Одрекување од ризик: Примерот подолу е само за илустративни цели и се заснова на движења на цените добиени од Договори за разлика (CFD). Пресметките одразуваат хипотетички резултати со користење на историски или наведени податоци за цената на релевантниот инструмент на наведениот датум и не се показател за идните перформанси. Секое потпирање на овој материјал е строго на сопствен ризик на корисникот.
Еврото беше многу волатилно во однос на доларот. Еврото првично пордолжи да расте но доларот се зголеми поради зголемените тензии на Блискиот Исток. Сепак, доларот се повлече во понеделникот, откако претседателот на њујоршкиот Фед, Вилијамс изјави дека ако инфлацијата ќе продолжи да не ги достигнува целните нивоа, очекувањата за намалување на инфлацијата би можеле да продолжат. Платниот список на работните места надвор од земјоделието ќе бидат објавени во петок, што ќе биде главниот фактор за движењата на пазарот оваа недела.
Британската фунта исто така беше многу волатилна минатата недела. Британскиот PMI на услуги ги надмина очекувањата во понеделникот, забележувајќи го нивото од 50 точки, што го зголеми GBP/USD.
Јен валутата што се смета за сигурно засониште се зголеми во однос на доларот поради интензивирање на тензиите на Блискиот Исток, но подоцна изгуби дел од некои добивки.
Индексот на доларот, кој ги следи перформансите на американската валута во споредба со шесте големи валути, падна на 96 поени на самиот крај на минатата година, што е најниско ниво од јули.
Цената на златото остро се зголеми поради зголемените тензии меѓу САД и Иран/Ирак. Индексот на акции падна откако го достигна највисокото ниво во четвртокот поради трговскиот оптимизам.
Цената на сурова нафта остро се зголеми надминувајќи го нивото од 64 долари за барел во понеделникот откако американскиот воздушен напад во Ирак го уби иранскиот генерал Сулејмани во петокот. Американската војска предупреди дека постои „зголемен ризик“ од ракетни напади во близина на воени бази и енергетски објекти во Саудиска Арабија. Санкциите врз Ирак, втор најголем произведувач на нафта на ОПЕК, се можни откако парламентот на оваа држава изгласа да се протерат американските војници од земјата како одговор на нападите врз багдадскиот аеродром. Goldman Sacs предупреди дека е потребно вистинско нарушување на глобалните резерви на сурова нафта за да се задржи цената на сегашното ниво.