February 12, 2020

Одрекување од ризик: Примерот подолу е само за илустративни цели и се заснова на движења на цените добиени од Договори за разлика (CFD). Пресметките одразуваат хипотетички резултати со користење на историски или наведени податоци за цената на релевантниот инструмент на наведениот датум и не се показател за идните перформанси. Секое потпирање на овој материјал е строго на сопствен ризик на корисникот.
По интензивната волатилност EUR/USD успеа релативно да се стабилизира минатата недела. Еврото зајакна во однос на доларот на почетокот на неделава, главно поради добрите економски индикатори. Сепак, еврото не успеа да го одржи трендот, откако Кирстин Лагард изјави дека деценијата на борбата со кризата ги остави креторите на политиката со неколку опции за повеќе монетарни стимуланси. Подобрите од очекуваните резултати на пазарот на трудот објавени во петокот дополнително ја зајакнаа американската валута и предизвика пад кај овој валутен пар.
Британската фунта доживеа голем пад минатата недела, главно поради интензивна реторика меѓу претставниците на Велика Британија и ЕУ во врска со идниот трговски споразум, којшто треба да се заклучи до крајот на годинава. Цврстиот став на британските претставници предизвика негативен сентимент кај инвеститорите во врска со британската фунта и покрај позитивните економски индикатори објавени претходна недела.
Јапонскиот јен беше во растечки тренд минатата недела, докажувајќи статус на омилен инструмент на инвеститорите во периоди на несигурност на пазарот. Ширењето на Корона вирусот надвор од Кина и неизвесноста во врска со влијанието врз глобалниот раст беше клучен фактор за големото зајакнување на побарувачката за јапонскиот јен во текот на изминатата недела.
Златото успеа да отане во растечки тренд, затоа што кризата со Корона вирусот продолжи додека Светската Здравствена Организација објави предуредување во врска со можност за повеќе случаи надвор од Кина. Цената на златото остана блиску до највисокото ниво од 2013 година бидејќи инвеститорите го оценуваат влијанието на вирусот врз глобалниот економски раст, но загриженоста во врска со послабата физичка побарувачка за благородниот метал во Кина го ограничија растот.
Генерално, доларот остана во растечки тренд поради статусот на средство на безбедно заслониште, затоа што Корона вирусот продолжува да се шири и поради знаците на сила на американската економија. Силниот долар беше поддржан и од претседателот на Федералните Резерви, Џером Пауел, кој изјави дека се чини американската економија е издржлива со стабилен раст и дека стапката на невработеност е на најниско ниво во последните 50 години, но се соочува со ризици од смртоносниот Корона вирус во Кина.
Индексот на американските акции продолжи со раст бидејќи инвеститорите не се фокусираат на ширењето на вирусот но на локалната економија и големата ликвидност на централната банка. Објавата на претседателот на ФЕД во врска со отпорноста на американската економија исто така ја поддржа берзата.
Суровата нафта падна на најниски нивоа во последните 13 месеци поради вознемирувачка ситуација со снабдувањето. Брзото шириње на Корона вирусот ги предупреди произведувачите за голем пад на побарувачката. Американските фјучерс-договори паднаа под 50 долари за барел втор пат овој месец. Во меѓувреме, Русија и Саудиска Арабија не се согласија за намалување на производството, што би можело да ги загрози односите на Москва со ОПЕК. Цената на стоките исто така беше под притисок поради заздравувањето на доларот.