June 10, 2020

Одрекување од ризик: Примерот подолу е само за илустративни цели и се заснова на движења на цените добиени од Договори за разлика (CFD). Пресметките одразуваат хипотетички резултати со користење на историски или наведени податоци за цената на релевантниот инструмент на наведениот датум и не се показател за идните перформанси. Секое потпирање на овој материјал е строго на сопствен ризик на корисникот.
Еврото се зголеми минатата недела но падна во понеделникот и вторникот. Изненадувачки лоши германски податоци за април (извоз и индустриско производство) вршија притисок врз еврото. Инвеститорите очекуваат следните чекори на американските Федерални резерви пред состанокот за монетарна политика, кој ќе биде организиран во среда, и шпекулираат нов пристап би можел да вклучи и контрола на кривата на приноси.
Британската фунта зајакна во споредба со доларот иако последна рунда на пост-Брегзит преговори не покажа напредок. Без договор со ЕУ, Британија ќе падне на правила на СТО во 2021, што би можело да биде несакан исход за фунтата.
Јапонскиот јен се малку промени но беше многу волатилен. Прво се зголеми, но во понеделникот и вторникот јенот заздрави, зашто инвеститорите оценуваа можност на неопходно купување обврзници, или поблаги прогнози на Федот.
Цената на злато падна зашто NFP податоци во петокот покажаа дека во мај американската економија додаде 2,5 милиони работни места, додека се очекуваше овој број да биде на минус 8 милиони.
Американските индекси продолжија да растат. Инвеститорите занемарија граѓански немири во САД и се фокусираа на повторно отворање на глобалната економија и на фактот дека индексите се се уште под нивоа, на кои беа на почетокот на годинава, што за некои инвеститори претставува клучен сигнал за купување.
Цената на нафта се зголеми минатата недела но падна во понеделникот. ОПЕК+ се договори во сабота да продолжи со намалување производња од 9,7 милиони барели дневно и во јули. Сепак, Голдамн Сакс предупреди во понеделникот дека цената веројатно ќе падне во идните недели поради несигурен пат на иднина на побарувачка и „застрашувачки„ големи резерви. Покрај тоа, Либија преземе важен чекот за да ја оживее својата нафтена индустрија со повторно произведување на две нафтени полиња по петмесечен прекин на работата.