Неделен преглед на пазарот на цените на CFD договорите - 15/06/2020 - 19/06/2020
June 17, 2020

Одрекување од ризик: Примерот подолу е само за илустративни цели и се заснова на движења на цените добиени од Договори за разлика (CFD). Пресметките одразуваат хипотетички резултати со користење на историски или наведени податоци за цената на релевантниот инструмент на наведениот датум и не се показател за идните перформанси. Секое потпирање на овој материјал е строго на сопствен ризик на корисникот.
Еврото малку се промени, но оптимизмот победи и го испрати EUR/USD кон новите високи нивоа, зашто настаните од минатата недела покажаа дека сентиментот може брзо да се промени. Пазарите го поздравија фискалниот и монетарен стимул на САД во понеделникот, бидејќи Федералните резерви одлучија да отпочнат со програма на купвање корпоративни обврзници.
Британската фунта остана непроменета во споредба со доларот поради големата волатилност. Британската економија падна за рекордни 20,4% во април. Обединетото кралство рече во петокот дека нема да ги продолжи трговски преговори по декември, но во понеделникот премиерот Џонсон изрази оптимизем во врска со Брегзит преговорите по видео-конференца со претседателот на Европската Комисија вон дер Лејен и другите званичници на ЕУ. Двете страни се сголасија да работат кон договор, со надеж дека тој ќе биде постигнат ова лето.
Јапонскиот јен малку се промени зашто централнта банка цврсто се држи за активност на додатен стимул, бидејќи верува дека е доволно направено за да се создадат услови за растот на економијата.
Цената на златото малку порасна бидејќи Федералните резеври во понедлникот објавија дека ќе купуват корпоративни обврзници, што предизвика продажба на доларот, а го поддржи жолтиот метал.
Американските индекси паднаа бидејќи има нов бран на инфекции во Кина, Јапонија и федералните држави на САД ги уплашија инвеститори. Сепак, акциите се зголемија во понеделникот откако Федот вети дека ќе отпочне со нов сет на мерки на ликвидноста во форма на купување корпоративни обврзници.
Сурова нафта имаше мали загуби минатата недела, бидејќи грижата во врска со повтроното зголемување на инфекции во светот би можело да ја ограничи побарувачката за нафта. Министерот за енергија на Обединетите Арапски Емирати рече дека цената наскоро ќе се врати во „нормала“. Сепак, насоката на цената на нафтата ќе зависи во голема мерка од тоа дали втората рунда на инфекции ќе ги присили економиите повторно да се затворат.