June 24, 2020

Одрекување од ризик: Примерот подолу е само за илустративни цели и се заснова на движења на цените добиени од Договори за разлика (CFD). Пресметките одразуваат хипотетички резултати со користење на историски или наведени податоци за цената на релевантниот инструмент на наведениот датум и не се показател за идните перформанси. Секое потпирање на овој материјал е строго на сопствен ризик на корисникот.
Еврото падна минатата недела. Отпимизмот ја изгуби својата сила и предизвика падот на EUR/USD. Сепак тој силно заздрави во понеделникот и вторникот бидејќи апетит за ризик заедно со многу добри податоци од Германија и Франција му отворија пат на растот.
Британската фунта ослабе во споредба со доларот поради голема волатилност. Банка на Англија одлучи во четвртокот да обезбеди свеж монетарен стимул во вредност 100 милијарди фунти. Трговски загржи меѓу Обединетото кралство и Јапонија и пост-Брегзит ќор-сокак вршија притисок врз фунтата.
Јапонскиот јен се движеше во тесен опсег минатата недела, зашто сентиментот се менуваше меѓу тој против ризик поради растот на инфекции со коронавирус и тој за ризик бидејќи држави продолжија да се отворат.
Цената на златото продолжи да се зголемува. Големи компании за управување со средства им кажаа на своите клиенти дека е време за купување злато. Покрај тоа, мрачни основни фактори заедно со стимул - милијарди на свежа ликвидност, вршија позитивен притисок врз благородниов метал.
Американските индекси не се сменија зашто стрм раст на бројот на инфекции ги уплаши инвеститорите, додека нивното верување дека најлошото помина и стимулативни мерки обезбедија поддршка.
Цена на сурва нафта продолжи да се зголемува кон она што можеме да дефинираме како органски раст, најчесто ослободен од остри краткорочни промени на цената. Загрижи во врска со повторно зголемување на инфекции со коронавирус, што би можело да ограничи побарувачка за нафта, беа ставени на страна. Нормален бизнис и покрај зголемување на инфекции и зголемување на сообраќај во големи градови обезбедува постојана поддршка. Ирак и Казахстан ветија дека ќе спроведат своите обврски во рамки на ОПЕК+ договор во следните месеци, додека Банка на Америка во петокот ревидираше својата прогноза за цена на сурва нафта, којашто е сега во растечки тренд.