July 1, 2020

Одрекување од ризик: Примерот подолу е само за илустративни цели и се заснова на движења на цените добиени од Договори за разлика (CFD). Пресметките одразуваат хипотетички резултати со користење на историски или наведени податоци за цената на релевантниот инструмент на наведениот датум и не се показател за идните перформанси. Секое потпирање на овој материјал е строго на сопствен ризик на корисникот.
Еврото ослабна во споредба со доларот минатата недела. Оптимизмот за пост-ковид ослабна бидејќи дојде до зголемување на бројот на инфекции во светот, што пак обезбеди поддршка за долар. Покрај тоа, ММФ ги ревидираше бројките на БДПто на ЕУ за оваа година, што изврши дополнителен притисок врз заедничката европска валута. Кристин Лагард, претседателката на ЕВБ вети дека ќе продолжи со поддршката на економијата и ги повика владите да го одиграат својот дел.
Британската фунта остро падна. Британската економија падна повеќе отколку што се очекуваше во првото (пре-ковид) тримесечје, додека тековниот дефицит се зголеми. Обединетото кралство повторно наметна ограничување во Лестер. Брегзит разговорите се во фокус бидејќи тие продолжуваат и оваа недела.
Јапонскиот јен ослабна во споредба со доларот. Лошите јапонски податоци и многуте ветувачки бројки од американскиот пазар на недвижности за мај, објавени во вторникот, предизвикаа раст на УСД/ЈПУ.
Цената на златото продолжи да се зголемува и го допре највисокото ниво во речиси 8 години и така го заврши тримесечјето со највисокото зголемување во последните десет години, бидејќи Централните Банки продолжија да ја поддржуваат ликвидноста. Сепак, високите историски вредности го ограничуваат потенцијалот за растот на жолтиот метал.
Американските индекси малку паднаа, бидејќи новиот бран на инфекции во јужните делови на САД предизвикаа пад на сентиментот на инвеститорите.
Суровата нафта малку падна минатата недела, бидејќи загриженоста дека голем број на новоинфицирани со Корона вирус во целиот свет би можеле да ја ограничат побарувачката за нафта. Либија се подготвува да продолжи со извоз, што исто така врши притисок врз цените.