Неделен преглед на пазарот на цените на CFD договорите - 20/07/2020 - 24/07/2020
July 22, 2020

Одрекување од ризик: Примерот подолу е само за илустративни цели и се заснова на движења на цените добиени од Договори за разлика (CFD). Пресметките одразуваат хипотетички резултати со користење на историски или наведени податоци за цената на релевантниот инструмент на наведениот датум и не се показател за идните перформанси. Секое потпирање на овој материјал е строго на сопствен ризик на корисникот.
Еврото минатата недела продолжи да заздравува во спроедба со доларот. Ревидираниот договор за планот на заздравување на ЕУ беше постигнат во вторникот наутро по четиридневен состанок на Совет на Европа. Додека големината на целокупниот фонд останува на 750 милијарди евра, додека износот на грантови беше намален во согласност со барање на Австрија, Холандија, Данска, Шведска и Финска. Овие вести потврдија растечки тренд на еврото.
Британската фунта беше многу волатилна. Прво ослабе но во понеделникот и вторникот ги врати сите загуби поради зголемување со можност вакцината да биде произведена во Велика Британија. Достигнување договорот меѓу Обединетото кралство и ЕУ во врска со идните односи до октомври е амбициозно но остварливо, рече германскиот министер на надворешни работи на Германија Мас.
Јапонскиот јен продолжи да се движи во тесен опсег во однос на доларот.
Цена на златото продолжи да се зголемува, го надмина нивото 1800 и се движи кон највисокото ниво во 8 години. Комбинираниот ефект на ниски каматни стапки, стимул, можноста Џо Бајден да победи на претседателските избори во САД закажани за ноември и повисока вредност на акции предизвика растот на цената на златото.
Американските индекси продолжија да растат. Новата сезона на приходи е во полн замав, додека Тесла и Микрософт ќе ги објават своите извешаи во среда. Американскот конгрес е подготвен да потврди нов масивен монетарен стимул во обид да им помогне на граѓаните на САД и малите бизниси за да се изборат со пандемијата на КОВИД-19.
Цената на сурова нафта во главно не се промени, но во вторникот нагло се зголеми. Поттикнувачки податоци во врска со испитувањето на три вакцини против КОВИД-19 го промени сентиментот на трговци со нафта. Слабеењето на доларот и обезбеди поддршка на цената на нафтата.