July 29, 2020

Одрекување од ризик: Примерот подолу е само за илустративни цели и се заснова на движења на цените добиени од Договори за разлика (CFD). Пресметките одразуваат хипотетички резултати со користење на историски или наведени податоци за цената на релевантниот инструмент на наведениот датум и не се показател за идните перформанси. Секое потпирање на овој материјал е строго на сопствен ризик на корисникот.
Еврото заздрави во спроедба со (ослабениот) долар. Неодамнешен финансиски договор на ЕУ и нискиот долар го предизвикаа растот на овој валутен пар. Во понеделникот ИФО германските податоци се зголемија предизвикувајќи го растот на еврото на највисоко ниво во 22 месеци.
Доларот ослабе и во однос на британската фунта зашто оптимизмот во врска со британско-американскиот трговски договор ја надмина загриженоста во врска со Брегзит.
Јапонскиот јен заздрави зашто САД понатаму ги влоши односите со Кина. Покрај тоа растот на бројот на инфекции во светот обезбеди поддршка за јапонската валута.
Цената на златото го достигна највисокото ниво во понеделникот, поддржана од тековната слабост на доларот, предизвикана од масивниот владин стимул (и печатењето на долари) и влошување на односите меѓу САД и Кина. Републиканци се согласија (меѓу себе) да поддржат пакет на стимул во вредност од 1 трилион долари во обид да им се помогне на невработени луѓе и економијата, но Куќата на Демократите сака пакет од 3 трилиони долари.
Американскиот берзански индекс малку се промени. Сезоната на добивки продолжува оваа недела, Фејсбук, Амазон, Боинг и Епл ќе објават тримесечни резултати. Федерални резерви на САД ќе се состанат неделава за да разговарат за промената во мерењето на инфлацијата, што може да предизвика пролонгирана состојба на ниски каматни стапки, а од тоа би можеле да имат корист пазарите на акции.
Цената на сурова нафта главно беше непроменета. Падот на доларот им помогна на цените, додека растот на бројот на инфекции го намали сентиментот меѓу трговците со нафтата.