August 5, 2020

Одрекување од ризик: Примерот подолу е само за илустративни цели и се заснова на движења на цените добиени од Договори за разлика (CFD). Пресметките одразуваат хипотетички резултати со користење на историски или наведени податоци за цената на релевантниот инструмент на наведениот датум и не се показател за идните перформанси. Секое потпирање на овој материјал е строго на сопствен ризик на корисникот.
Еврото достигна врв во одност на доларот минатата недела, но падна во петокот поради слаби бројки на германскиот БДП. Сепак американските политичари не успеаа да постигнат договор за продолжување на стимулот, што предизвика грижи во врска со можноста на економското заздравување на САД.
Британската фунта падна по двонеделниот раст зашто оптимизмот во врска со британско-американската трговија ослабна и англиската влада соопшти дека подготви планови за затворање на Лондон поради растот на инфекции.
Јапонскиот јен малку се промени, но доживеа силна волативност. Солидната и многу ветувачката јапонска продажба на мало и бројките на БДП го поддржаа јенот, заедно со растот на инфекции во целиот свет. Сепак, доларот заздрави во петокот поради заздравување на американските обврзници.
Јули беше најлошиот месец за доларот во изминатите 11 години. Разговорите меѓу Демократите и Републиканците врз следниот пакет на стимул запреа, додека постојните бенефиции за невработени истекоа на 31 јули. Подолгиот застој предизвикува штета на американската економија, што го поттикна претседателот Трамп да објави дека извршната наредба може да се спроведе за да се спречи штета и премости јаз во федерални бенефиции.
Цената на златото остана блиску до највисоките нивоа, поддржана од тековната слабост на американскиот долар, падот на американски обврзници и американско-кинеските тензии.
Американските индекси малку се зголемија. Техничките гиганти Амазон и Епл објавија тимесечни резултати кои беа подобри од очекуваното, што го предизвика растот на сентимент. И Федералните резерви на САД на својот последен состанок укажаа дека ќе обезбедат монетарна поддршка се додека здравствената ситуација не се подобри и овозможи стабилно економско заздравување.
Цената на суровата нафта падна. Од 1 август ОПЕК+ го зголеми производството за 1,5 милиони барели дневно, додека американските произведувачи планираат повторно да отпочнат со производство, иако резервите се блиску до историски високи нивоа. Растот на инфекции во светот ги намали очекувањата за растот на побарувачка. Сепак слабеењето на доларот обезбедува поддршка, додека ветувачките PMI податоци за производство во Европа и САД објавени во понеделникот го зголемија расположението.