September 2, 2020

Одрекување од ризик: Примерот подолу е само за илустративни цели и се заснова на движења на цените добиени од Договори за разлика (CFD). Пресметките одразуваат хипотетички резултати со користење на историски или наведени податоци за цената на релевантниот инструмент на наведениот датум и не се показател за идните перформанси. Секое потпирање на овој материјал е строго на сопствен ризик на корисникот.
Еврото се зголеми минатата недела зашто пазарите очекуваат клучен говор на претседателот на Фед, Пауел, во Џексон Хол. Пауел предизвика пад на доларот во споредба со кошницата на другите валути во четвртокот, зашто најави дека Банката на Федералните Резерви е подготвена да овозможи раст на инфлацијата над 2%, и во исто време укажувајќи дека каматните стапки на САД ќе останат многу ниски.
Британската фунта се зголеми во споредба со доларот поради голема волатилност кон крајот на неделата, зашто парот GBP/USD достигна највисоко ниво годинава. Додека некои трговци се на летен одмор, вторите се фокусирани на подобри од очекуваните економски резултати на Обединетото кралство, додека доларот падна во однос на големина на своите ривали.
Јапонскиот јен се движеше во тесен опсег но падна во текот на неделата поради оставка на јапонскиот премиер Шинзо Абе, што предизвика волатилност на крајот на неделата зашто инвеститорите се фокусираа на инструменти на сигурното засолниште.
Цената на златото се зголеми во текот на неделата зашто доларот падна. Инвеститорите беа заинтересирани за читање белешки дека Ворен Бафет има продадено многу од своите банкарски акции и купи злато. Благ став на Пауел го поддржа металов минатата недела.
Американските индекси продолжија да се зголемуваат, зашто технолошките акции предизвикаа раст. Постои особен интерес за Епл и Тесла, бидејќи двете компании поделија акции, што предизвика пад на цената за една четвртина и потоа за една петтина кога пазарите повторно се отворија во понеделникот.
Цената на суровата нафта продолжи со тргување во граничен опсег, додека се искачи на највисокото ниво во пет месеци. Суровата нафта беше поддржана од ураганот Лаура во богатиот со нафта Мексикански залив, кој потоа го допре копното во САД влијаејќи врз снадбување на двете локации. Затворање на рафинерии и нафтните полиња продолжи да ја поддржува цената, зашто инжинерите имаа проблеми да ја пласираат нафтата.