September 9, 2020

Одрекување од ризик: Примерот подолу е само за илустративни цели и се заснова на движења на цените добиени од Договори за разлика (CFD). Пресметките одразуваат хипотетички резултати со користење на историски или наведени податоци за цената на релевантниот инструмент на наведениот датум и не се показател за идните перформанси. Секое потпирање на овој материјал е строго на сопствен ризик на корисникот.
Еврото ослабе во однос на доларот. Малку охрабрувачки податоци на NFP на САД за август и благ став на Европската Централна Банка во врска со очекувањата за нејзиниот состанок, кој ќе се оддржи во четврток, вршат притисок врз европската валута.
Британската фунта силно ослабе пред главната рунда на пост брегзит преговорите меѓу Обединетото кралство и Европската Унија. Разликите на двете страни во врска со рибарството и државната помош се чинат непремостливи во моментов, додека владата на Велика Британија се подготва за Брегзит без договор, по 31 декември, што предизвика негативен сентимент. Во текот на викендот, има нов британски рок до средината на октомври, до кој треба да се постигне договорот не помогна.
Јапонскиот јен падна во однос на американската валута. Во втората четвртина, јапонската економија падна 28,1% на годишно ниво, што е полошо од очекуваните 27,8%.
Цената на златото беше пониска на крајот на неделата, поради малку позитививниот NFP извештај, додека заздравувањето на доларот вршеше притисок врз цената.
Американскиот индекс на акции падна по продажба на технолошите акции. Јапонската банка собра огромна позиција во деривати на американскиот капитал во акции во последните неколку месеци. Релаксирањето на позицијата предизвика огромен негативен притисок врз цената на акциите.
Цената на нафтата падна минатата недела поради негативен притисок, кој ќе продолжи неделава. Празникот на Денот на трудот во САД го одбележи крајот на сезоната на возење, додека постојаната побарувачка за нафта поради панедмијата предизвикуваат негативни очекувања. Покрај тоа, Сауди Арамко ја намали својата цена за азиските купувачи. Растот на бројот на инфекции во Бразил, Индија и Европа предизвика пад на цената.