Неделен преглед на пазарот на цените на CFD договорите - 14/09/2020 - 18/09/2020
September 16, 2020

Одрекување од ризик: Примерот подолу е само за илустративни цели и се заснова на движења на цените добиени од Договори за разлика (CFD). Пресметките одразуваат хипотетички резултати со користење на историски или наведени податоци за цената на релевантниот инструмент на наведениот датум и не се показател за идните перформанси. Секое потпирање на овој материјал е строго на сопствен ризик на корисникот.
Еврото зајакна во споредба со доларот. ЕЦВ изрази силна доверба во заздравување на економијата на Еврозоната, додека претседателката на ЕЦБ Лагард изјави по состанокот на ЕЦБ сентиментот за заедничката европска валута да се подобри. Таа поврди дека ЕЦБ нема да влијае врз пазарот на Форекс, зашто тоа нема мандат за контрола над девизниот курс на еврото.
Британската фунта беше во слободен пад минатата недела, но се консолидира во понеделникот и вторникот. Почетно парламентарно гласање за контроверзен проект-закон на Обединетото кралство кој би можел да го прекрши Брегзит договорот со ЕУ, беше прифатено во вторникот. ЕУ предупреди дека проект-законот би можел да предизвика колапс на преговорите, што ќе ја зголеми шансата, Велика Британија да ја напушти унијата без договор.
Јапонскиот јен заздрави поради послабиот долар пред состанокот на Банката на Јапонија за монетарна политика, кој ќе се одржи во четврток. Јенот исто така го поддржаа вестите дека Јошихиде Суга однесе победа со својата странка и стана фаворит за да го замени премиерот Абе.
Генерално, доларот падна зашто Астра Зенека продолжи во Велика Британија клинички испитувања за вакцината против КОВИД-19. Во меѓувреме, Фајзер се обидува да ја прошири фазата 3 на својот кандидат, и се очекува првата вакцина да биде подготвена до крајот на годинава.
Последично, цената на златото се зголеми оваа недела. Американскиот берзански инекс малку се промени. Тој прво падна поради продажбата на технолошките акции, кој што се заврши во петокот, поради подобрен пазарен сентимент.
Цената на нафтата падна минатата недела. Грижата во врска со забавување на заздравување на глобалната побарувачка, која падна поради пандемијата на коронавирусот, преовлада. Сепак, ураганот Сали ја поддржа цената во вторникот. Вториот значаен ураган на минатиот месец предизвика затворање на енергетски компании, пристаништа и рафинерии.