October 14, 2020

Одрекување од ризик: Примерот подолу е само за илустративни цели и се заснова на движења на цените добиени од Договори за разлика (CFD). Пресметките одразуваат хипотетички резултати со користење на историски или наведени податоци за цената на релевантниот инструмент на наведениот датум и не се показател за идните перформанси. Секое потпирање на овој материјал е строго на сопствен ризик на корисникот.
Зедничката европска валута зајакна во однос на доларот минатата недела. Американскиот долар главно остана на ниско ниво. Во вторникот, разочарувачки податоци на анкета на германскиот ZEW ивршија притисок врз еврото. Слично и расположението за ризик падна откако Johnson & Johnson објави дека нивното испитување на вакцина против коронавирус застана поради несакани ефекти кај некои волонтери.
Биртанската фунта малку се промени во однос на доларот. Оптимизмот поради последната рунда на трговски преговори предизвика раст на фунтата. Сепак, благ став од Банката на Англија, политичките несигурности и напредок на пандемијата во Обединетото кралство ја ограничија придобивката. Поволен исход на трговски односи на самитот на Европска унија би можел да предизвика раст на фунтата.
Јапонскиот јен малку се промени но заздрави во понеделникот поради растот на бројот на инфекции со коронавирус во светот.
Генерално, индексот на американскиот долар падна поради повисоките очекувања дека некаков договор за фискалниот стимул ќе биде усвоен во американскиот Конгрес.
Американските акции имаа корист од слабеење на доларот пред сезоната на добивки, која почна неделава, а големите банки се први, што ќе ги објават своите финансиски извештаи. Големите технолошки акции на Епл и Амазон предизвикаа општ раст на пазарот пред пласирање iPhone 12 и Prime day event(s) во вторник.
Цената на златото малку се промени но беше многу волатилна. Позитивните очекувања за прилив на доларот предизвика раст на златото, додека несигурностите во исто време вршаа притисок во понеделникот и вторникот.
Суровата нафта малку се промени минатата недела. Цената се искачи на нивоа над 41 долари и потоа падна поради грижи во врска со растот на резервите. Негативниот притисок беше поголем откако работниците се вратија на своите платформи во Мексичкиот залив по ураганот Делта а и норвешките работници се вратија на главните морски платформи. Членот на ОПЕК, Либија, отстрани голем дел во неделата од нафтеното поле Шарара, што предизвика раст на произвдоството.