November 4, 2020

Одрекување од ризик: Примерот подолу е само за илустративни цели и се заснова на движења на цените добиени од Договори за разлика (CFD). Пресметките одразуваат хипотетички резултати со користење на историски или наведени податоци за цената на релевантниот инструмент на наведениот датум и не се показател за идните перформанси. Секое потпирање на овој материјал е строго на сопствен ризик на корисникот.
Зедничката европска валута силно ослабна, но воедно и заздрави поради очекувањата дека Бајден ќе победи. Ако изборите бидат оспорени, тензиите би можеле да се зголемат и трендот би можел да се промени.
Британската фунта беше многу волатилна. На почетокот таа ослабна, но воедно и заздрави во вторникот. ЕУ и Обединетото кралство се блиску до постигнување на договор, но новите затворања, воведени од премиерот Џонсон извршија притисок врз фунтата. Сепак, надежта дека ќе дојде до договорот сеуште е силна.
Јапонскиот јен малку се промени. Новите затворања со експоненцијален раст на инфекциите, извршија притисок врз сентиментот на пазарот и ја поддржаа цената на јенот. Генерално, американскиот индекс малку се промени. Фед ќе се состане во четврток, но веројатно нема да претстави било каква промена, додека во декември се очекуваат новите прогнози. Ништо не би требало да предизвика очигледна промена на политиката.
Американскиот индекс нагло падна минатата недела но и заздрави во понеделникот. Големите технолошки компании загубија повеќе од своите претходни добивки. Високата процена и влошувањето на глобалната економска прогноза извршија притисок врз пазарот на акции и покрај фактот дека Епл, Амазон и Фејсбук објавија подобри од очекуваните квартални резултати.
Цената на златото малку се промени, но беше многу волатилна. Во фокусот на вниманието се американските претседателски избори. Ако Бајден победи и Деморактите добијат мнозинство во Сенатот, најверојатно ќе биде усвоен голем фискален стимул, што би можело да ја поддржи цената на златото.
Цената на суровата нафта силно падна минатата недела, но заздрави во понеделникот и вторникот. Новите мерки на затворање заедно со растот на производство во Либија, Ирак и Норвешка извршија притисок врз цената на нафтата. Сепак, руската рубља падна во понеделникот и Русија сигнализираше дека намалувањето на продизводството на ОПЕК од 2 милиони барели дневно би можело да трае и во 2021 година.