Неделен преглед на пазарот на цените на CFD договорите - 09/11/2020 - 13/11/2020
November 11, 2020

Одрекување од ризик: Примерот подолу е само за илустративни цели и се заснова на движења на цените добиени од Договори за разлика (CFD). Пресметките одразуваат хипотетички резултати со користење на историски или наведени податоци за цената на релевантниот инструмент на наведениот датум и не се показател за идните перформанси. Секое потпирање на овој материјал е строго на сопствен ризик на корисникот.
Зедничката европска валута зајакна поради очекувањата дека Џо Бајден ќе победи на изборите во САД, но трендот се промени во понеделникот поради состојбата на прекумена продажба на доларот, што го предизвика неговиот раст на нивото од 92, како што се случи и во август и во септември.
Британскта фунта заздрави поради пост-Брегзит оптимизмот и изненадувачкиот пад на барањата за надоместок на невработените и подобриот од очекуваниот раст на платите. Горниот дом на британскиот Парламент го измени контроверзниот Закон на внатрешни пазари во спротивност со Брегзит договорот за напуштање. Претставниците на ЕУ се уште се во Лондон поради понатамошните разговори, што обезбеди надеж дека договорот ќе биде постигнат до средината на ноември.
Јапонскиот јен зајакна, но трендот нагло се промени во понеделникот откако Фајзер и германскиот БиоТек објавија дека нивната вакцина против КОВИД-19 е ефикасна во спречување на Ковид во повеќе од 90% случаи.
Американскиот индекс се зголеми минатиот понеделник, а САД500 достигна највисоко ниво во понеделникот. Можноста за успешна вакцина и Џо Бајден како нов претседател во Белата куќа, предизвика раст на сентиментот. Во исто време големите технолошки компании, добитници за време на пандемијата, паднаа поради високата валуација која што вршеше притисок врз нив, затоа што инвеститорите купувале потрадиционални акции.
Цената на златото се зголеми поради позитивниот резултат на американските избори, но беше во слободен пад во понеделникот по ненадејното расположение за нетехнолошките акции. Цената на златото падна повеќе од 100 долари во рок од неколку саати.
Цената на нафтата се зголеми минатата недела. Новите мерки за спречување на ширењето на Корона вирусот заедно со растот на бројот на нафтени бушотини во САД, извршија притисок врз цената на нафтата. Сепак, оптимизмот по американските избори беше видлив низ пазарите заедно со надежта за вакцина, што го предизвика растот на цената на нафтата.