November 18, 2020

Одрекување од ризик: Примерот подолу е само за илустративни цели и се заснова на движења на цените добиени од Договори за разлика (CFD). Пресметките одразуваат хипотетички резултати со користење на историски или наведени податоци за цената на релевантниот инструмент на наведениот датум и не се показател за идните перформанси. Секое потпирање на овој материјал е строго на сопствен ризик на корисникот.
Зедничката европска валута заздрави минатата недела. Бројот на инфекции на коронавирус во Франција падна. Пазарите ги развесели веста од биотехнолошката компанија Модерна, којашто во понеделникот објави дека нејзината вакцина против коронавирус има 94,5% ефикасност.
Британскиот фунт заздрави поради пост-Брегзит оптимизмот. Главниот преговорач на Велика Британија, Дејвид Фрост, рече дека договорот би можел да биде достгинат на почетокот на следната недела. Двете страни ќе се состанат во Брисел оваа недела да се обидат да направат напредок пред видеоконференца на европските лидери, која што ќе се организира в четврток.
Јапонскот јен заздрави зашто инвеститорите оценија дека ефективна вакцина не е исто што и дистрибуција и прфаќање. Намалување на разлика меѓу јапонскиот јен и обврзници на западните држави и обезбеди додатна поддршка на оваа валута.
Американскиот индекс се зголеми минатиот понеделник, а USA500 повторно му се приближи на највисоко ниво во понеделникот. Можноста за успешна вакцина и Џо Бајден во Бела куќа го предизвикаа растот на сентиментот. Во врска со тоа, големи технолошки компании, како победници на пандемијата, беа занемарени, бидејќи нивната висока вредност вршеше притисок врз нив. Најпосле, луѓето ќе потрошат помалку време за купување предмети на интернет и гледање телевизија, ако мерки се осленат и стравот од инфекција со коронавирус помине. Тесла беше официјано прифатен во иднексот S&P500.
Цената на златото продолжи да се зголемува постепено поради пост-изборниот оптимизам и послабиот долар.
Цената на сурова нафта се зголеми минатата недела, бидејќи инвеститорите ги поздравија позитивни вести за вакцина од Фицер. ОПЕК и неговите сојузници го оддржаа министерскиот состанок во вторникот, за да расправат за планови во врска со намалување на снабдувањето во идната година, бидејќи здравствената криза ги влошува предвидувања за побарувачка во иднина. Сепак, растот на бројот на инфекции и американски нафтени дупки вршеа притисок на цената на нафта.