February 10, 2021

Одрекување од ризик: Примерот подолу е само за илустративни цели и се заснова на движења на цените добиени од Договори за разлика (CFD). Пресметките одразуваат хипотетички резултати со користење на историски или наведени податоци за цената на релевантниот инструмент на наведениот датум и не се показател за идните перформанси. Секое потпирање на овој материјал е строго на сопствен ризик на корисникот.
Еврото зајакна во однос на доларот минатата недела. Бројките на NFP беа полоши од очекуваните во јануари и го запреа растот на доларот. Предложениот договр за стимул од 1,9 трилиони американски долари е на пат и учесниците на пазарот веруваат дека новата понуда на долари наскоро ќе го преплави пазарот; па американската валута повторно паѓа.
Британската фунта продолжи да расте во однос на доларот. Напредокот во вакцинациите против коронавирусот продолжи да ја поддржува фунтата, додека состанокот за монетарната политика на Банката на Англија минатата недела го повтори недостатокот на интерес за воведување нулта каматна стапка
Јапонскиот јен паѓаше, но трендот се сврти во понеделникот кога стана јасно дека зголемените ичекувања во врска со инфлацијата вршат голем притисок врз америкаснкиот долар.
Индексите на американските берзи продолжија да достигнуваат највисоки нивоа. Одличната сезона на заработка, успешна вакцинација заедно со падот на бројот на заразени во САД, зголемувањето на очекувањата во врска со инфлацијата и падот на доларот и ниските каматни стапки, би можеле да ги турнат глобалните инвеститори кон пазарот на акциите.
Цената на златото остана под притисок, но се зголеми во петокот по забавување на растот на доларот. Биткоинот како форма на дигитално злато предизвикува интерес кај многу инвеститори, што е негативно и за златото.
Цената на нафтата го продолжува својот тренд на пораст, при што нафтата WTI ја надмина цената од 58 долари. Очекувањата за посилна побарувачка ги зголемува цените заедно со почетокот на самонаметнатите намалувања на производството во Саудиска Арабија во износ од 1 милион барели на ден. Надежите за враќање во нормална состојба во втората половина на оваа година и поврзаната економска експанзија би можеле да ѝ обезбедат поддршка за цената на нафтата.