Неделен преглед на пазарот на цените на CFD договорите - 17/05/2021 - 21/05/2021
May 19, 2021

Одрекување од ризик: Примерот подолу е само за илустративни цели и се заснова на движења на цените добиени од Договори за разлика (CFD). Пресметките одразуваат хипотетички резултати со користење на историски или наведени податоци за цената на релевантниот инструмент на наведениот датум и не се показател за идните перформанси. Секое потпирање на овој материјал е строго на сопствен ризик на корисникот.
Еврото продолжи да се зголемува бидејќи земјите од ЕУ ги олеснуваат ограничувањата, а напорите за имунизација даваат добри резултати. Скоро една половина од Европејците досега имаат примено барем една доза вакцина против Ковид-19.
Британската фунта зајакна во однос на ослабениот долар. Во Велика Британија се укинуваат мерките во врска со јадењето во затворен простор, кината, училиштата, универзитетите. Меѓународните летови во понеделникот повторно почнаа да сообраќат како дел од фазата 3 на планот на отворањето.
USD/JPY се зголеми, поради засилениот страв од инфлација во САД. Сепак, јапонскиот јен го смени својот тренд во четвртокот, бидејќи стана јасно дека, според официјалните лица на Федералните резерви, неодамнешниот пораст на инфлацијата е привремен и не е потребна промена на монетарната политика на ФЕД.
Активирани од истата убеденост, цените на златото силно се зголемија приближувајќи му се на нивото од 1.900 американски долари, бидејќи распродажбата на американскиот долар заедно со пониските приноси на државните обврзници продолжуваат да ја зголемуваат привлечноста на жолтиот метал.
На американските индекси им помогна обновената доверба во Федералните резерви во врска со задржувањето на ултра лесната монетарна политика. Сезоната на објавување на заработката е при крај и силната заработка од малопродажниот сектор повторно сведочи за силата на побарувачката на потрошувачите. Од друга страна, високите проценки го ограничуваа растот.
Цената на нафтата се зголеми минатата недела, бидејќи најновите економски податоци од целиот свет ги поддржаа очекувањата за одржливо закрепнување на побарувачката. Ширењето на новата варијанта на Ковид-19 вирусот, трговците со нафта не го зедоа во предвид. Слабоста на доларот ја поддржа цената на суровата нафта.