Неделен преглед на пазарот на цените на CFD договорите - 27/09/2021 - 01/10/2021
September 29, 2021

Одрекување од ризик: Примерот подолу е само за илустративни цели и се заснова на движења на цените добиени од Договори за разлика (CFD). Пресметките одразуваат хипотетички резултати со користење на историски или наведени податоци за цената на релевантниот инструмент на наведениот датум и не се показател за идните перформанси. Секое потпирање на овој материјал е строго на сопствен ризик на корисникот.
Еврото ослабе во однос на доларот. Резултатите од изборите во Германија покажаа зајакнување на политиката на левицата во „срцето на еврозоната“. Можеби ќе поминат месеци пред создавање на владата во најголемата европска економија. Покрај тоа, недостатокот на гас е проблем. Од друга страна, приносите на американските државни обврзници се зголемија. 10-годишните обврзници нудат приноси далеку над 1,50%.
Британската фунта малку се пормени, но беше многу волатилна. Гувернерот на Банката на Англија, Бејли, изјави дека каматните стапки може да се зголемат пред да заврши програмата за купување обврзници. Армијата на Обединетото кралство е подготвена да достави бензин до бензинските пумпи, бидејќи недостигот на возачи на камиони предизвика бензинските пумпи да немаат резерви гориво.
Јапонскиот јен ослабе во однос на доларот поради зголемениот принос на американските државни обврзници. Генерално, американската валута силно зајакна,а нејзиниот индекс во вторникот отиде многу над нивото 93.
Цената на златото падна кога приносите на американските државни обврзници се зголемија минатата недела. Федералните резерви на САД сигнализираа можен чекор кон намалување на програмата за купување обврзници во вредност од 120 милијарди долари месечно од ноември, веројатно до средината на 2022 година.
Индексите на американските берзи закрепнаа, но не се зголемија многу. Строгиот став на Федералните резерви, високите вреднувања на акциите и вознемиреноста на кинескиот пазар вршеа притисокот врз индексите. Втората по големина кинеска компанија за недвижности и натаму е во тешка финансиска состојба, додека зголемената глобална побарувачка и недостатокот на јаглен резултираше со прекин на електричната енергија во високоиндустризираниот североисток од Кина, што има негативно влијание.
Цената на нафтата се зголеми минатата недела. Побарувачката го надминува снабдувањето, поради што се трошат залихи во услови на глобална енергетска криза. Вакцинацијата, падот на залихите во САД, знаците дека Јапонија и Сиднеј повторно се отвораат откако пандемијата влезе во бавна фаза, ја поддржуваат цената на суровата нафта.