October 13, 2021

Одрекување од ризик: Примерот подолу е само за илустративни цели и се заснова на движења на цените добиени од Договори за разлика (CFD). Пресметките одразуваат хипотетички резултати со користење на историски или наведени податоци за цената на релевантниот инструмент на наведениот датум и не се показател за идните перформанси. Секое потпирање на овој материјал е строго на сопствен ризик на корисникот.
Еврото ги консолидираше (понатаму) загубите во однос на доларот. Европската централна банка рече дека „динамиката на среднорочна инфлација е премногу бавна, а не премногу брза“ и дека предизвикувачот за акција на поле на монетарната политика не постои. Високите трошоци за енергија во Европа продолжија да вршат притисок врз заедничката европска валута.
Фунтата закрепна кога Мајкл Саундерс од Банка на Англија рече за време на викендот дека домаќинствата треба да се подготват за „значително порано“ покачување на каматните стапки зашто се зголемува притисокот од инфлацијата.
USD/JPY се искачи на највисоко ниво од крајот на 2018 година и се консолидираше над 113 во вторникот. Референтниот 10-годишен принос на американските државни обврзници го надмина највисокото ниво во последните четири месеци, над 1,6%, што го поттикна растот на USD/JPY. Генерално, американската валута сѐ уште се движи околу едногодишното највисоко ниво наспроти големите ривали, и покрај разочарувачките податоци за NFP објавени во петокот.
Цената на златото малку се промени, движејќи се во многу тесен опсег над 1.750 американски долари во текот на последните две недели, пред објавување на податоците за американскиот CPI во средата.
Американските берзански индекси останаа непроменети, но доста нестабилни. Сезоната на заработка ќе започне оваа недела, а Морган Стенли ќе ги објави своите резултати в четврток, а Голдман Сакс в петок.
Цената на нафтата силно се зголеми во услови на растот на глобалната побарувачка, предизвикан од недостаток на енергија во големите економии. Цената на електричната енергија се зголеми до рекордно највисоко ниво во последните недели, поттикната од големиот недостиг на енергија во Азија, Европа и САД, додека енергетската криза во Кина се очекува да трае до крајот на годинава. Сепак, ОПЕК+ се држи до плановите за постепено враќање на производството, и нема намера да го забрза зголемувањето на производството.