January 19, 2022

Одрекување од ризик: Примерот подолу е само за илустративни цели и се заснова на движења на цените добиени од Договори за разлика (CFD). Пресметките одразуваат хипотетички резултати со користење на историски или наведени податоци за цената на релевантниот инструмент на наведениот датум и не се показател за идните перформанси. Секое потпирање на овој материјал е строго на сопствен ризик на корисникот.
Еврото зајакна во однос на прекупениот долар бидејќи учесниците на пазарот очекуваат прилично агресивна монетарна политика во САД. Сепак, зголемените приноси на американските државни обврзници обезбедија поддршка за паѓачкиот долар.
Британската фунта малку се пормени, но беше многу волатилна. Падот на бројот на инфекции со Covid-19 во UК обезбеди поддршка за фунтата, како и стапката на невработеност, која се намали на 4,1% во ноември.
USD/JPY беше многу нестабилен, но малку се промени. Банката на Јапонија ја истакна својата решеност да одржи ултра лабава монетарна политика, што му наштети на јенот во вторникот, додека повисоките приноси во САД го предизвикаа растот на валутниот пар.
Цената на златото малку се промени и понатаму се движеше околу нивото над 1.800 долари. Високата инфлација и грижите за ширењето на варијантата Омикрон ѝ обезбедија постојана поддршка на цената на жолтиот метал, додека опортунитетниот трошок во смисла на зголемените приноси на државните обврзници продолжи да врши притисок врз златото.
Американските берзански индекси паднаа откако се зголемија очекувањата дека американската централна банка ќе ги зголеми каматните стапки 3 до 4 пати оваа година. Во меѓувреме, сезоната на заработка започна, а компании, вклучително и повеќето банки, објавија позитивни резултати во оваа рана фаза. Во четврток, Нетфликс ќе ги објави резултатите за четвртиот квартал.
Цената на нафтата се искачи на највисокото ниво од 2014 година, бидејќи можните прекини во снабдувањето по нападите на Хутите во ОАЕ ја зголемија и онака ниската перспектива за снабдување. Исто така, во рамка на геополитичките ризици, се зголемуваат тензиите меѓу членката на ОПЕК +, Русија, и Украина. Дополнително, некои земји од ОПЕК се борат да ги произведуваат договорените капацитети, поради недоволно инвестирање и потреба од одржување.