Неделен преглед на пазарот на цените на CFD договорите - 13/06/2022 - 17/06/2022
June 15, 2022

Одрекување од ризик: Примерот подолу е само за илустративни цели и се заснова на движења на цените добиени од Договори за разлика (CFD). Пресметките одразуваат хипотетички резултати со користење на историски или наведени податоци за цената на релевантниот инструмент на наведениот датум и не се показател за идните перформанси. Секое потпирање на овој материјал е строго на сопствен ризик на корисникот.
Валутниот пар EUR/USD се намали кон крајот на неделата, откако американската инфлација достигна 8,6 отсто, што е повисоко од очекуваните 8,3 отсто. Приносот на државните обврзници нагло се зголеми, како и очекувањата за поостро зголемување на каматите стапки оваа недела и во наредните месеци.
GBP/USD падна бидејќи доларот продолжи да се зголемува во однос на кошницата на други валути, а економските податоци од Велика Британија останаа под очекувањата. Во Велика Британија, во услови на криза на трошоците на животот, владата на Борис Џонсон, одлучи да ги преработи законите што го регулираат протоколот за Северна Ирска, претходно договорен со Европската унија. ЕУ не беше импресионирана и изјави дека и таа може да преземе свои мерки.
USD/JPY продолжи да ги допира 20-годишните нависоки нивоа, поради изгледите за понатамошно зголемување на каматните стапки од страна на ФЕД, додека јапонската централна банка се обврза да ја задржи својата лабава монетарна политика политика, барем засега.
Златото имаше исклучително нестабилна недела, движејќи се на пониски нивоа, но достигнувајќи ги и најнајниското ниво во три недели и највисокото ниво во еден месец, бидејќи трговците се движеа помеѓу оптимизмот и негативноста во врска со изгледите за инфлација и зголемување на каматните стапки. Во меѓувреме, војната во Украина продолжува, без знаци на мир.
Американските акции забележаа голем пад минатата недела, а особено во петокот се случи голема продажба, по објавата на податоците за американскиот индекс на инфлација. Ова беше втор најлош пеформанс во текот на еден неделен период досега оваа година, а на почетокот на оваа недела S&P 500 официјално влезе на мечи пазар.
Цената на нафтата падна минатата недела, губејќи ја целата добивка доцна во петокот, откако беа објавени податоците за американската инфлација, бидејќи трговците размислуваат дали повисоките каматни стапки би можеле да предизвикаат рецесија, што би можело да доведе до пад на побарувачка на нафта во иднина. Обновените ограничувања во Кина поради Ковид, исто така, имаа негативно влијание врз цената на нафтата кон крајот на неделата.