June 22, 2022

Одрекување од ризик: Примерот подолу е само за илустративни цели и се заснова на движења на цените добиени од Договори за разлика (CFD). Пресметките одразуваат хипотетички резултати со користење на историски или наведени податоци за цената на релевантниот инструмент на наведениот датум и не се показател за идните перформанси. Секое потпирање на овој материјал е строго на сопствен ризик на корисникот.
По падот на најниски нивоа минатата недела, еврото закрепна во однос на доларот. Во понеделникот, додека сведочеше пред Европскиот парламент, претседателка на ЕЦБ, Лагард, истакна дека рецесијата во Еврозоната не е нивното основно сценарио и потврди дека тие имаат намера да ги зголемат клучните каматни стапки за 0,25 отсто во јули и повторно во септември“. Членот на Управниот совет на ЕЦБ, Оли Рен, во вторникот рече дека е многу веројатно септемвриското зголемување на каматните стапки да биде поголемо од 0,25 отсто.
Британската фунта се консолидираше во однос на доларот, откако минатата недела падна во еден момент под нивото од 1,20. Зголемените трошоци за живот во Велика Британија, нерешените прашања со ЕУ во врска со Протоколот за Северна Ирска и тешките времиња во (нестабилното) премиерствување на Борис Џонсон се додаваат на листата на проблеми за британската фунта.
Јапонскиот јен е во слободен пад во однос на доларот, бидејќи приносот на 10-годишните американски државни обврзници се зголеми на речиси 3,5 отсто. Севкупно, доларот зајакна откако Федералните резерви на САД неочекувано одлучија да ја зголемат каматната стапка за 0,75 отсто.
Цената на златото се движи во тесен опсег, но малку под нивото 1850. Загриженоста за светското економско забавување и агресивната монетарна политика на големите централни банки ја поттикнаа нестабилноста, но во тесен трговски опсег.
Сите главни американски берзански индекси паднаа минатата недела откако Федералните резерви на САД одлучија да ја зголемат каматната стапката на федералните фондови за 0,75 отсто, што укажува на уште едно веројатно зголемување повторно во јули.
И покрај загриженоста за економскиот раст, која ги намали цените на нафтата минатата недела, последните податоци за активноста на летовите и мобилноста на патиштата во САД и натаму покажуваат силна побарувачка на нафта. Тензиите помеѓу загриженоста за снабдувањето и неизвесноста во врска со глобалниот раст се две спротивставени сили за цената на нафтата. Цената на нафтата WTI се движеше околу 110 долари за барел.