May 31, 2023

Одрекување од ризик: Примерот подолу е само за илустративни цели и се заснова на движења на цените добиени од Договори за разлика (CFD). Пресметките одразуваат хипотетички резултати со користење на историски или наведени податоци за цената на релевантниот инструмент на наведениот датум и не се показател за идните перформанси. Секое потпирање на овој материјал е строго на сопствен ризик на корисникот.
EUR/USD падна на повеќемесечен минимум. Ова се случи по серијата лоши економски податоци од Германија, вклучувајќи го и негативниот БДП, кој сугерирал дека земјата е во рецесија.
Британската фунта падна во однос на доларот, откако слабите податоци за производството и услугите укажаа на тоа дека економијата на Велика Британија сè уште има лоши резултати. Доларот во меѓувреме се искачи во однос на кошницата на други валути, додека загриженоста околу горната граница на долгот продолжи.
USD/JPY се искачи на највисоки нивоа во изминатите шест месеци, откако новиот гувернер на јапонската банка Казуо Уеда сигнализираше дека нема да дојде до промена на ултра лесната политика на банката.
Цената на златото продолжи да се намалува, достигнувајќи најниско ниво во два месеци, бидејќи доларот се зголеми во однос на другите валути. Горната граница на долгот и зголемените изгледи за зголемување на каматните стапки во јуни вршија негативен притисокврз цената на златото.
Американските акции се искачија минатата недела, при што акциите на Nasdaq повторно се сголемија зашто производителот на чипови NVIDIA ги надминаа очекувањата за заработка, достигна рекордно високо ниво и предизвикаа повеќе добивки на технолошките акции како што се Microsoft и AMD.
Цената на нафтата се зголеми откако саудискиот министер за енергетика, Бин Салман, изјави дека оние трговци кои продаваат сурова нафта и понатаму ќе бидат разочарани. Според аналитичарите, ова би можело да биде навестување дека кралството би можело да изврши притисок за намалување на производството на ОПЕК на заедничкиот состанок на министрите на ОПЕК овој викенд.