CFDs се комплексни инструменти и содржат висок ризик од брзо губење пари поради левериџ. 76% од ритеил инвеститорите губат пари кога тргуваат со CFDs со овој провајдер. Треба да размислите дали можете да си дозволите да преземете висок ризик од губење на вашите пари.
Пребарувај

Паладиум - 19/06/2020

Микро анализи

19 June, 2020

Содржи само општи информации. Не е наменет за давање на совети за тргување или инвестирање. Вашиот капитал е под ризик.

Сренорочен тренд: Раст

Паладиум, пазарниот преглед:

  • Паладиумот најмногу се користи во производството на катализатори интегрирани во автомобили за да се ограничи емисија на гасови и загадувањето на воздухот. Бидејќи автомобилската индустрија беше многу погодена од криза на корона вирусот, волатилноста на цената на паладиумот се зголеми, што предизвика ниска побарувачка за паладиум, но исто така и намалување на производството бидејќи некои рудници во Јужноафриканска република се затворија поради мерки за запирање на ширењето на вирус.
  • Цената на паладиумот падна од највисокото ниво 2787,85 под 1400 (1352,60) во средината на март, што е пад од 51,48%. Но потоа цената успеа да заздрави и да се искачи на нивоа над 2000.
  • Од 19 јуни паладиумот се движи малку над нивото 1900.

Индикатори што би можеле да поддржат повисока цена:

  • Кина, еден од најголеми произведувачи на автомобили во светот повторно отвора фабрики на автомобили и со построги прописи на емисија се очекува кинеската индустрија да зголеми побарувачка за паладиумот.
  • Џонсон Матеј, еден од најголемите произведувачи на катализатори се уште очекува дефицит на паладиумот во 2020.

Индикатори што би можеле да поддржат пониска цена:

  • Јужноафриканска република е втор најголем произведувач на паладиумот во светот, и бавно излегува од криза, што би можело да предизвика раст на снабдување со паладиумот.
  • Кина заздравува, но на други места автомобилската индустрија ќе има тешкотии што би можело да предизвика трајно затворање на некои фабрики на автомобили. Побарувачка за паладиумот би можела да падне, што би можело да ја оддржи цената околу или под нивото 2000.

Пазарните вести (БЛУМБЕРГ): Јужноафриканска република рече дека кинеската побарувачка за паладиумот од Јужноафриканската република се врати на нивоа пред Covid-19.

Дневна волатилност на цената на паладиумот

  • Од почетокот на 2020, дневната волатилност на цената на паладиумот се зголеми на 5,33%.
  • Од крајот на февруари 2020, кога криза на корона вирус почна да ги погодува пазарите на акции, просечна дневна волатилност се зголеми на 6,26%.
  • Од 19 јуни, 5-дневната движечка волатилност падна на 2,60%.
  • Оваа висока дневна волатилност би можела да создаде краткорочни пазарни прилики.

  • Пример на пресметка врз основа на волатилноста за 1.00 Lot (1 Lot = 100 унци)

  • Долгорочен технички преглед:

Од техничка гледна точка паладиумот би можел да остане во растечки тренд се додека успева да остане над линија на паѓачкиот тренд, којашто неодамна ја надмина, што предизвика раст на паладиумот кон 2167,85. Покрај тоа, паладиумот се движи над својата среднорочна линија на растечкиот тренд, што би можело да ја поддржи цената. Исто така паладиумот се движи над своите 50, 100 и 200 неделни експоненцијални движечки просеци, што укажува дека во долг рок цената на паладиумот би можела да остане во растечкиот тренд. Во случај на растот, паладиумот би можел да оди кон Отпор 1 2000 и Отпор 2 2100.

Сепак, ако паладиумот успее да падне под пивот точка 1900 и ако падне под среднорочна линија на растечки тренд и 50-неделни експоненцијален движечки просек, тој би можел да оди кон Поддршка 1, 1805 и Поддршка 2 1700.


График: (Паладиум, неделниот)

Пивот точка: 1900.00

Паладиум

Сренерочен

Правец на трендот

РАСТ

Отпор 3

2200

Отпор 2

2100

Отпор 1

2000

Поддршка 1

1805

Поддршка 2

1700

Поддршка 3

1600

Пример на пресметката врз основа на правец на трендот за 1.00 Lot*

Паладиум

ПИВОТ ТОЧКИ

Отпор 3

Отпор 2

Отпор 1

Поддршка 1

Поддршка 2

Поддршка 3

Профит или загуба во $

30,000.00

20,000.00

10,000.00

-9,500.00

-20,000.00

-30,000.00

Профит или загуба во €**

26,778.30

17,852.20

8,926.10

-8,479.80

-17,852.20

-26,778.30

Профит или загуба во £**

21,516.63

16,070.19

8,035.10

-7,633.34

-16,070.19

-24,105.29

Профит или загуба во C$**

40,774.20

27,182.80

13,591.40

-12,911.83

-27,182.80

-40,774.20

* 1.00 lot е еквивалент со 100 единици
** Датум и време на девизниот курс употребени за калкулациите се 09:08 GMT+1 19 6 2020
Fortrade препорачува употреба на Запрете загуба (Stop-Loss) и Земете профит (Take-Profit), Ве молиме да ја контактирате вашата поддршка.
*** Земете во предвид дека позицијата во профит можете да ја затворите, дури и ако е профитот понизок од предложениот.
**** Trailing stop техника може да го заштити профитот - Контактирајте со својата поддршка за повеќе детали.

Споделете преку вашата мрежа
Подготвени за тргување?Започнете сега