Акаунт менаџер за македонски клиенти

Full time Белград, Србија

Приклучете се кон едно од врвните брокерски друштва и пристапете во светот на финансиите!

Fortrade Ltd. доживува континуиран раст на бизнисот. За да го зајакнеме нашиот оддел за Македонија, во потрага сме по талентиран: Акаунт менаџер за македонски клиенти.

Во потрага сме по професионалци, кои ќе бидат одговорни за нашите клиенти.

Потребно е да бидете сестран професионалец, кој ќе биде одговорен за комуникација и ќе им помага на потенцијалните клиенти, кои се регистрираат на нашиот веб сајт за да тргуваат на глобалниот финансиски пазар. Оваа работа опфаќа јавување на потенцијалните клиенти од Вашата лична база на податоци или на ваша иницијатива. Клиентите ги обезбедува компанијата.

Некои од Вашите главни обврски:

  • Секојдневна телефонска комуникација со нашите клиенти кои зборуваат македонски и обезбедување на сите новости во врска со најновите случувања на глобалните финансиски пазари
  • Презентирање на производи и услуги на нашите клиенти кои зборуваат македонски помагајќи им правилно да ги користат овие услуги
  • Напредна техничка поддршка во користењето на софистицирани трговски платформи
  • Работење во најновата CRM база на податоци и другите напредни програми

Она што ние очекуваме од Вас:

Услови за вработување:

  • Течно зборување македонски јазик
  • Завршено факултетско образование (економското или финансиско се змета за предност)
  • Работа со Microsoft пакет
  • Добра социјална интелигенција
  • Одлична комуникација, преговарачки и продажени вештини
  • Високо професионален однос и разбирање на потребите на клиентите
  • Подготовеност за стекнување на нови знења и вештини
  • Амбиција да изградите кариера и напредок во компаниската хиерархија

Што можете да очекувате од нас:

Предности и бенефиции (кои нашата компанија ги обезбедува):

  • Многу конкурентна плата
  • Зголемување на платата во првите 12 месеци
  • Многу атрактивна бонусна шема - Само небото е Ваша граница
  • Можност да се изгради кариера во самиот врв на финансискиот сектор, во официјална финансиска институција, регулирана од страна на финансиски органи
  • Пензиско и здравствено осигурување
  • Дозвола за работа
  • Двонеделна обука за основите на нашиот бизнис (како почетна точка на Вашата кариера)
  • Бесплатни фитнес и теретана
  • Пријатна меѓународна средина
  • Месечни награди за најдобрите работници
  • Постојано обучување, личен и професионален раст
  • Ако постанете дел на брзо растечка меѓународна компанија, ќе имате можност за напредување на високи позиции
  • Интегритет, флексибилност, ангажираност и светла и стабилна иднина

Ако сакате да станете дел на Fortrade Ltd, испратете го своето CV на англиски јазик со фотографија. Сакаме да истакнеме дека местото на вработувањето е во регионален центар за поддршка на клиентите во Белград, Србија. Ве молиме, имајте во предвид дека само кандидатите кои ќе останат во потесниот круг ќе бидат контактирани.

Испратете го своето CV