ЦФД (CFD) се комплексни инструменти и носат висок ризик од брзо губење пари како резултат на левериџ. Многу од сметките на клиентите-физички лица губат пари кога тргуваат со ЦФД. Треба да размислите дали разбирате како функционираат ЦФД и дали можете да си дозволите да преземете голем ризик од губење на вашите пари.
CFDs се комплексни инструменти и содржат висок ризик од брзо губење пари поради левериџ. 76% од ритеил инвеститорите губат пари кога тргуваат со CFDs со овој провајдер. Треба да размислите дали можете да си дозволите да преземете висок ризик од губење на вашите пари.

FCA лиценца

Ние сме финансиска компанија овластена и регулирана од FCA.

Агенцијата за надзор на финансиски услуги (FCA) е одговорна за регулација на финансиските услуги во Обединетото Кралство, со цел да ги заштити правата на корисниците и пошироката економија. Целта на FCA е да обезбеди регулираните компании да дејствуваат во најдобар интерес на корисниците и да им обезбедат соодветни производи и услуги.
 

За да го постигне ова, FCA има три цели, поставени со Законот за финансиски услуги (2012):
1. Заштита на корисниците – да обезбеди соодветен степен на заштита
2. Заштита на финансиските пазари – заштита и подобрување на интегритетот на британскиот финансиски систем.
3. Промовирање на конкуренцијата – промовирање на ефективна конкуренција во интерес на корисниците.

 

Fortrade е овластен и регулиран од FCA (Референтен број на компанијата (FRN): 609970) и е посветен на одржување на највисоките стандарди за поддршка на корисниците. Исто така, обврзани сме да ги почитуваме правилата на однесување за фер третман на корисниците од страна на FCA.

 

100% безбедно деловно опкружување

Сите Ваши трансакции – уплати, налози и исплати – се спроведуваат преку SSL- шифрирани врски на кои не може да им се пристапи неовластено, ниту пак може да се компромитираат. Дополнително, серверите што ги користиме се наоѓаат на високо квалитетни локации Tип I и II, SSAE 16/SAS 70, а нашата интернет страница и домен често се проверуваат за илегални активности, како што се кражба на идентитет, фалсификување, измама со чекови или кредитни картички, што значи дека можете да тргувате потполно мирно и без грижи.

 

Сигурност на средствата

Правилата за средствата на клиентите на FCA (CASS), обезбедуваат заштита на средствата на клиентите. Парите на клиентите се јасно одвоени од нашите и се чуваат на одвоени банкарски сметки на клиентите. Ова осигурува дека во малку веројатниот случај на Fortrade банкрот, средствата задржани на тие сметки ќе бидат вратени на клиентите, намалени за административните такси, наместо да бидат третирани како повратливи средства од страна на доверителите на Fortrade.
Fortrade врши пресметки на парите на клиентот во согласност со барањата на FCA по CASS 7 на дневна основа. Овој процес гарантира дека средствата што се чуваат на одделните банкарски сметки точно ги прикажуваат средствата на малиот инвеститор.

 

План за компензација на финансиските услуги

Во малку веројатниот случај Fortrade да отиде во стечај или да го запре тргувањето, може да Ви користи заштитата која ја нуди планот за компензација на финансиските услуги (FSCS).

FSCS е во функција од декември 2001 година, кога на снага стапи Законот за финансиските услуги и пазари 2000 и делува како заштита на клиентите со компании овластени од FCA.

Максималното ниво на компензација за инвестициони побарувања од објавените компании е обично 85.000 фунти по лице, односно компанија. FSCS е генерално достапен за приватни лица, како и за некои помали компании.

Дополнителни информации за FSCS може да се пронајдат на интернет страницата на FSCS или на телефонскиот број на службата за помош +44 (0) 20 7741 4100 или 0800 678 1100.