ЦФД (CFD) се комплексни инструменти и носат висок ризик од брзо губење пари како резултат на левериџ. 70.41% од сметките на клиентите-физички лица губат пари кога тргуваат со CFD. Потребно е да размислите околу сфаќањето на начинот на кој функционираат таквите договори и дали може да си дозволите да го преземете високиот ризик од губење на целиот ваш инвестиран капитал. Прочитајте целосно Предупредување за ризик.
CFDs се комплексни инструменти и содржат висок ризик од брзо губење пари поради левериџ. 71% од ритеил инвеститорите губат пари кога тргуваат со CFDs со овој провајдер. Треба да размислите дали можете да си дозволите да преземете висок ризик од губење на вашите пари.

Тргување од А до Ш

Пребарајте ги вообичаените форекс трговински изрази и дефиниции од A до Ш

Сѐ I Y J K L M N O P A Q B R C S D T E U F V G W H X

- B -

Bar Chart (Графикон со колони/столбови)

Вид на графикон, често користен од трговците и финансиските професионалци, кој се состои од хоризонтални, правоаголни колони/столбови со должина пропорционална на магнитудата на она што тие го претставуваат. Врвот на столбот е највисоката точка која ја постигнала цената во одреден период, а дното на столбот е најниската. Цртичката лево од столбот ја покажува почетната цена, а цртичката на десната страна е заклучната цена за тој период.

Barnie

Прекар за парот американски долар-руска рубља (USD/RUB).

Base and Quote Currencies (Главни и номинални валути)

Кај валутните парови, првата валута е “главна валута” (броител), а другата валута е “номинална” валута (именител). Вредноста на главната валута секогаш е еден. Според тоа, номиналната валута го претставува износот на другата валута во споредба со една главна валута. Кај валутниот пар британска фунта/американски долар (GBP / USD), на пример, вредноста на доларот е прикажана во однос на една фунта.

Bear Market (Неповолен пазар)

Состојба на пазарот во која цените на валутите паѓаат за 20% или повеќе. Во голема мерка е проследен со широко распространет песимизам кој го промовира ширењето на негативното размислување. Неговата контрадикција е поволниот пазар, во кој постои позитивно мислење за цените.

Bear/Bearish

Трговец кој верува дека цената на одредени валути ќе падне. Спротивно од bull/bullish.

Benchmark (Мерка)

Стандард или средина која се користи за споредба или укажување на целокупниот тренд на одредена акција, обврзница, суровина или друга хартија од вредност.

Betty

Прекар за парот евро-руска рубља (EUR/RUB).

Bid (куповна цена)

NВо оф-шор пазарот, терминот “куповна цена” се однесува на највисоката цена која креаторот на пазарот или брокерот се согласува да ја плати за купување на хартии од вредност (на пример, валути, акции, индекс или суровини) во секое време. Куповната цена речиси секогаш ќе биде пониска од продажната цена (=најниска цена по која креаторот на пазарот или брокерот е спремен да ги продаде хартиите од вредност во секое време). Креаторите на пазарите и брокерските компании заработуваат на разликата помеѓу куповната цена и продажната цена. Оваа разлика се нарекува “куповно – продажна разлика на цената”.

Bid-Ask Spread (Куповно-продажна разлика во цена)

Износот за кој продажната цена ја надминува куповната цена. Ова всушност е разликата во цената помеѓу највисоката цена која брокерот се согласува да ја плати за обврзницата и најниската цена за која се согласува да ја продаде обврзницата. Куповно-продажната разлика во цената се нарекува и куповно-понудена разлика во цената; купи-продај разлика во цената или едноставно купи-продај.

BME

Скратеница за Bolsas y Mercados Españoles, шпанска компанија која ги води четирите главни берзи во Шпанија.

BOC

Централна Канадска Банка.

BOE

Централна Банка на Обединетото Кралство.

BOJ

Централна Јапнска Банка (позната и како Nippon Ginko).

Bond (Обврзница)

Правен договор во кој должникот (издавачот на обврзници), како што е Владата, кредитната организација или компанијата, издава сертификат со кој ветува дека ќе му плати на давателот (сопственикот на обврзници) одредена каматна стапка за одреден временски рок, а потоа ќе го откупи договорот за неговата вредносна главнина, по рокот на достасување/испорака. Кликнете овде за да дознаете повеќе за државните обврзници кои ги нуди Fortrade.

Bonus Credit (Кредитен бонус)

Износот на пари кои брокерот ги дава на трговецот за онлајн тргување. Откупот и исплатата на бонусните кредити, генерално, бараат од трговецот да исполни одреден обем на тргување.

Brent Crude (EB) / Брент нафта

Што представувфа брент нафта?

Брент нафтата која се црпи од четири нафтени полиња во Северното море помеѓу англија, Германија и скандинавските земји. Брент нафта заедно со нафтата која се црпи од западниот Тексас(WTI) е една од двете најважни референтни вредности на овој енергенски. Самиот поим сирова нафта означува природен, нерафиниран петролеум кој може да се преработи во повеќе енергетски сировини како што се бензин, дизел, керозин, дизел, керозин, мазут.
Бидејќи нафтата не е ресурс кој е природно обновлив и представува голема закана по светскиот екосистем, се врши голем напоркако би се пронашле алтернативни извори на енергија како што се соларна и енергија добиена од ветер. Баш заради се поголемата присутност на обновливи извори на енергија големо прашање е до кога нафтата ќе се смета за стратешки ресурс. Најголеми извозници на нафта се: Саудиска Арабија, Русија и Соединетите Амењрикански Држави.
Како и кај сите стоки, цената на нафтата од типот брент и WTI е под силно влијание на екстерни фактори. После тоа што членките на организацијата ОПЕК одлучија да го ограничат производтвото на овој енергенс, цената на брент нафтата и WTI нафтата порасна. И спротивно, кога производството на нафта добие на интензитет, тогаш цената на нафтата опаѓа.

Како се гледа на брент нафтата?

Тргувањето со нафта е поделено на две групи на трансакции. Спот трансакции подразбираат моментално извршување на трансакција, додека фјучерс на тргување воведен во тргувањето и временска компонента. За време на фјучерс тргувањето, двете договорни страни се договараат за цената на енергенсот и времето на изцршување на трансакцијата што значуи дека трансакцијата се одвива после протек на одреден временски период. Учесниците на пазарот кои ги интересира тргување со CFD на нафта, пред се, ги интересира движењето на цената.

Содржина на сајтот fortrade.com поврзан со терминот брент нафта:
• Фјучерс договор
• ОПЕК корпа на нафта
• Спот тргување
• WTI нафта

Broker (Broker)

агент, кој ги поврзува продавачите и купувачите за провизија кој плаќа иницијаторот на трансакцијата. Брокерите не заземаат позиции на пазарот.

Buck

Жаргонски израз за милион долари.

Bull Market (Поволен пазар)

Ситуацијата на пазарот на кој се зголемуваат цените на хартиите од вредност и мислењето на јавноста за пазарот е позитивно. Ова е спротивно на неповолниот пазар каде што мислењето за цените е негативно.

Bull/Bullish

Трговец кој верува дека цената на одредени хартии од вредност ќе расте. Спротивно од bear/bearish

Buy (Купи)

Заземање долги позиции на хартиите од вредност за тргување, како што се валутните парови, акции, индекси или суровини. Спротивно од „sell (продај)“ (или кратка позиција).

Дали знаете?
Учењето за Форекс и тргувањето со CFD може да Ви донесе многу придобивки, вклучувајќи и подобри резултати. Ако сте подготвени да започнете тргување на Fortrade, само кликнете на копчето ‘Tргувај сега’.
Барана акција: ажурирање на лозинката
Барана акција: креирање лозинка
За да го подобрите своето искуство при најава, наскоро ќе ги користите само својата е-пошта и лозинка наместо бројот на TP. Креирајте ја новата лозинка сега за да обезбедите непречен пристап.
Почнувајќи од денес, ќе треба да се најавите користејќи ја својата е-пошта и лозинка наместо вашиот TP број. Креирајте ја новата лозинка сега за повторно да имате пристап до сметката.
Important Update for Serbian Users
It looks like you're a Serbian resident.
To comply with regulatory requirements, our services for Serbian residents are provided through our trusted partner, Kapital RS Inc A.D. Belgrade.
Ќе бидете пренасочени на веб-страницата {{Brand name}}, регулирана од {{regulation name}}, врз основа на информациите што ги дадовте досега. Условите и заштитите може да се разликуваат.