- N -
NASDAQ
Скратено од National Association of Securities Dealers Automated Quotations. Тоа е втората најголема берза во САД и во светот.
NASDAQ-100
Берзански индекс кој се состои од 100 најголеми нефинансиски компании котирани на NASDAK берзанскиот пазар. Се нарекува и NAS100. Неговиот симбол на берзата е NDX. Кликнете овдеза повеќе информации за индексот.
Net Earnings (Нето заработка)
Оданочен приход на поединците, претпријатијата или компаниите, по одбивањето на расходите (кредити и даноци). Формулата за пресметка на нето заработката е: вкупен приход – вкупни трошоци = нето заработка.
Net Position (Нето позиција)
Разликата помеѓу долгите (куповни) и кратките (продажни) позиции на трговецот во секое време. На пример, ако тој/таа има 4 долги позиции и 2 кратки позиции, неговата/нејзината нето позиција би била: 4 – 2 = 2.
Nikkei
Берзански индекс, кој се состои од првите 225 компании (според пазарната капитализација) со кои се тргува на Токиската берза. Исто така се нарекува и Nikkei Stock Average, Nikkei 225 или JPN 225. Кликнете овдеза повеќе информации за индексот.
NOK
Службена ознака за норвешка круна.
North American Trading Session (Северноамериканско време на тргување)
Почнува од 12:00-13:00 GMT и трае до 21:00-22:00 GMT. Познато и како Њујоршко време на тргување.
NYSE
Скратено од New York Stock Exchange (Њујоршка берза).
NZD
Службена ознака за новозеландски долар.