- O -
OECD
Скратено од Organization for Economic Co-operation and Development (Организација за економска соработка и развој).
OPEC Basket
Пондериран индекс на цените на нафтата, кој е пресметан од страна на Организацијата на држави кои извезуваат нафта (група од 13 најголеми земји за производство на нафта). OPEC Basket просечната цена на нафта се базира на производството и извозот на секоја земја. Другите два главни показатели се Brent и West Texas Intermediate (WTI) Crude.
Open P&L (Отвори P&L (Профит и загуба))
Што представува Отвори P&L?
Отвори P&L (Profit & Loss) е финансиски извештај кој го добиваат трговците на форекс, а кој ги собира сите отворени позиции во поглед на заработен профит и претрпена загуба.
Како се користи Отвори P&L?
Клуч за успешно тргување на форекс е да се знае кога треба да се отвори или затвори позиција. Со внимателна анализа на Отвори P&L, трејдерот може да одреди кој пазар расте (bullish), а кој паѓа(bearish). На тој начин, трејдерите се подобро опремени и обезбедени за донесување на одлуки врз база на информации во врска со стратегии за тргување на кратки или долги стази.
Содржина на Fortrade.com во врска со Отвори P&L
- Bear/Bearish(Мечка-пазар кој опаѓа)
- Bear Market/Мечка Пазар
- Bull/Bullish (Бик-пазар кој расте)
- Bull Market/Бик пазар
- Closa a position/Затвори позиција
- Open Position/Отвори Позиција
Open Position (Отворена позиција)
Секое тргување во кое се влегува и кое сѐ уште не е затворено со спротивно тргување. Отворената позиција може да постои како последица на долга позиција (позната и само како “купи”) или кратка позиција (позната и само како “продај”).
Open Price (Цена на отворање)
Што е цена на отварање?
Цена на отварање, или квота на отварање (open price, opening quote, opening price), е пазарна цена на активата на почетокот на тргувачкиот ден. Треба да се напомене дека цената на одредена актива на отварање не е секогаш иста како цената на истата актива на затворање на претходната сесија на тргување. Ценовните осцилации во вредноста на активата можат, што често и се случува да продолжат дури кога пазарот е затворен, односно во преиодот кога со таа актива не се тргува.
Како се употребува цената на отворање?
Цената на отворање, е основен показател на движењето на одреден валутен пар во текот на денот, со тоа што трејдерот може да ја користи за да се одлучи дали да влезе во долга или кратка позиција. Земајќи ги во предвид цените на отворање, како и највисоката и најниската цена во текот на денот, трејдерите можат да ја измерат волатилноста/колебливоста на валутата и да развијат стратегија било да е во прашање купување, продажба или избегнување на тргувањето со дадената валута.
Содржина на Fortrade.com во врска со цената на отворање
- Buy/Купи
- Closing price/Цена на затворање
- Day High/Највисока дневна цена
- Day Low/Најниска дневна цена
- VolatilityВолатилност/Колебливост
Open Trades (Отворени тргувања)
Сите отворени куповни (долги) и/или продажни (кратки) позиции на онлајн сметката за тргување на трговецот.
OTC Market (Вонберзански пазар)
Што е вонберзански пазар?
OTC (over the counter) пазарот е децентрализиран пазар на кој активите, вклучувајќи и некои валути, не се тргуваат на централизирани берзи. Со оглед на тоа дека вонберзанските пазари не се централизирани ниту ги регулира некој државен орган, истите се помалку транспарентни во однос на централизираните пазари, а со самото тоа и поризични.
Како се користи OTC/вонберзанскиот пазар?
Тргувањето на вонберзанскиот пазар слично е со тргувањето на централизираниот пазар. Трејдерите наоѓаат брокер кој што функционира како посредник помеѓу нив и нивните колеги, како и со корпорациите и бизнисите со кој не се тргува на централизираните берзи. Една од главните разлики помеѓу вонберзанскиот пазар и берзата се огледува во тоа што на вонберзанскиот пазар брокерите се пофлексибилни во подесувањето на цените на купување и продажба. Со самото тоа, брокерот може да котира една цена на еден клиент, а друга цена на друг клиент, па може да дојде до разлика во спредот на понудата и побарувачката(bid-ask spread).
Содржина на Fortrade.com во врска со вонберзанските пазари
- Active Market/Активен пазар
- Bid-Ask Spread/Спред понуда-побарувачка
- Centralised Market/Централизиран пазар
Outperform (Надминат)
Ситуација во која се верува дека хартиите од вредност или финансискиот инструмент се попрофитабилни од целокупниот пазар. Исто така познатo како “надминат пазар”. Спротивно на потрфлен.
Overnight Position (Прекуноќна позиција)
Тргување кое останува отворено преку ноќ, помеѓу два работни дена.