ЦФД (CFD) се комплексни инструменти и носат висок ризик од брзо губење пари како резултат на левериџ. 70.41% од сметките на клиентите-физички лица губат пари кога тргуваат со CFD. Потребно е да размислите околу сфаќањето на начинот на кој функционираат таквите договори и дали може да си дозволите да го преземете високиот ризик од губење на целиот ваш инвестиран капитал. Прочитајте целосно Предупредување за ризик.
CFDs се комплексни инструменти и содржат висок ризик од брзо губење пари поради левериџ. 71% од ритеил инвеститорите губат пари кога тргуваат со CFDs со овој провајдер. Треба да размислите дали можете да си дозволите да преземете висок ризик од губење на вашите пари.

Тргување од А до Ш

Пребарајте ги вообичаените форекс трговински изрази и дефиниции од A до Ш

Сѐ B R C S D T E U F V G W H X I Y J K L M N O P A Q

- P -

P&L Statement (Извод P&L)

Финансиски извештај кој ги сумира вкупните добивки и загуби од тековните позиции за тргување. Исто така, познат и како “отворени добивки и загуби”.

P/E

Однос цена/заработка.

PCI DSS

Payment Card Industry Data Security Standard (PCI DSS). Безбедносен стандард за информациите за сопственост на финансиските организации и организациите кои вршат онлајн трансакции со употреба на главните издавачи на кредитни и дебитни картички (Visa, MasterCard, American Express, итн.). Управуван и предводен од Меѓународниот совет за безбедносни стандарди на индустријата за плаќање со картички, PCI DSS е дизајниран да ја зголеми заштитата на податоците на сопствениците на картички и да го намали ризикот од измама со кредитни картички. Брокерските компании, како што е Fortrade, мораат да се придржуваат кон овој стандард за да ја задржат акредитацијата.

Peak (Врв)

Највисока точка (на пр. цени, курсеви, вредности) на одредена валута или финансиски инструмент во одредено време.

Pending Order (Налог на чекање)

Налог кој сè уште не е извршен и поради тоа сѐ уште не е активно тргувањето. На пример, тоа може да биде налог со кој трговецот ја покажува својата намера да купи и продаде финансиски инструмент, само кога ќе стаса (допре) над или под одредено ниво на цената.

Penny stocks

Што претставуваат penny stocks?

Penny stocks се акции на компанијата чија што вредност не надминува 5$. Со овие акции се тргува на вонберзанскиот (OTC) пазар. Во Обединетото Кралство, под penny stock спаѓаат акциите чија што цена не надминува 1£.

Како да ги сватиме penny stocks?

Тргувањето со овој вид на акции се смета како едно од најризичните. Penny stocks се повеќе акции од шпекулативен тип. Имајќи во предвид дека со овој вид на акции се тргува на OTC пазарите, тие не спаѓаат под стриктна регулатива како кај класичните берзи, што овие акции ги прави подложни на измами. Цената на овие акции е изразено волатилна, ценовниот распон помеѓу куповната и продажната цена е поголем во однос на традиционалните акции, што го зголемува ризикот кај овој вид на тргување.
Како и кај другите ризични инвестиции, што е поголем ризикот, тоа е поголема можноста за потенцијална заработка, што тргувањето со penny stocks го прави погодно за инвеститорите кои имаат високо ниво на толеранција на ризикот.

Содржина на fortrade.com поврзана со терминот penny stocks:
• Ценовна разлика (spread) помеѓу куповната и продажната цена.
• Договори за разлика на цената
• OTC тргување
• Ценовен распон

People’s Bank of China (PBC) (Народна Банка на Кина)

Централна Банка на Народна Република Кина и втора најголема монетарна институција, по Централната Банка на САД.

Pip (Пип)

Нумеричката точка на цената на хартијата од вредност или финансискиот инструмент која ја покажува најниска вредност за која може да се промени. Во Форекс, повеќето валути имаат четири децимални места, па затоа пипот е единица на четвртата децимална точка (т.е. 0.0001 валутна вредност). Кај некои валути, како што е јапонскиот јен, пипот може да биде на втората децимална точка, која вреди 0.01 од валутата.

PLN

Службена ознака за полски злот.

Portfolio (Портфолио)

Собирањето на инвестиции во сопственост на еден трговец или финансиски субјект.

Position (Позиција)

Нето износот на тргувањето што го има трговецот на неговата/нејзината сметка во секое време. Постојат три вида позиции кои трговецот може да ги има: стабилна (т.е. без купени или продадени хартии од вредност), долга (т.е. повеќе купени хартии од вредност во однос на продадените) или кратка (повеќе продадени хартии од вредност во однос на купените).

Position Size (Големина на позицијата)

Износот на хартијата од вредност или финансискиот инструмент кој трговецот го купува (долга позиција) или продава (кратка позиција).

Practice Account (Сметка за вежбање)

Што представува сметката за вежбање?
Сметката за вежбање, која исто така се нарекува и демо сметка, е идентична со регулираната форекс сметка за тргување во сите аспекти освен во еден-трејдерот не вложува, заработува нити губи вистински пари. Демо сметката им дава прилика на трејдерите да научат како се тргува на форекс и низ пракса да развијат ефикасна стратегија за тргување без ризикот кој би морале да го превземат за време на вистинското тргување.

Како се користи сметката за вежбање?
Многу онлајн брокери, вклучувајќи го и Fortrade, нудат бесплатна сметка за вежбање на трејдерите кои се регистрираат на сајтот и ја “финансираат” сметката со одредена сума на пари(Fortrade, на пример, дава почетна свота од 10,000$ виртуелни пари). Одкако ќе отворите сметка, можете да почнете со тргување исто како да инвестирате вистински пари на сметка, едноставно бидејќи немате што да загубите во вистинска смисла на зборот, нема никаква штета од сметката за вежбање која постои како би се развиле ефикасни вештини за тргување пред да се вложат вистински пари. Голем број на експерти и искусни трејдери препорачуваат тргување на сметката за вежбање пред да се вложат вистински пари. Кликнете овде за да отворите Fortrade сметка и можете уште денес да активирате ваша сметка за вежбање.

Содржина на Fortrade.com во врска со сметката за вежбање

  • Брокер
  • Position/Позиција

Premium Buy/Sell Rate (Куповно/продажна стапка на премија)

Во однос на валутните и девизните пазари, стапката на премија е каматната стапка што брокерот или брокерската компанија ја наведуваат во врска со одредена хартија од вредност или финансиски инструмент, за да се компензира разликата во националните каматни стапки.

Previous Close Rate (Претходно завршен курс)

Завршување на девизниот курс на хартиите од вредност или финансискиот инструмент на денот на тргувањето.

Profit (Заработка)

Финансиска добивка, особено разликата помеѓу заработениот износ и износот потрошен на тргување со хартии од вредност или финансиски инструменти.

Pullback (Повлекување)

Намалување на цената или побарувачката за одредена валута или финансиски инструмент (од својот врв). Исто така познат и како обрт на цената.

Put/Call Ratio (Однос продажба/купување)

Бројот на продажби (опции за продажба на тргуваните средства) во однос на бројот на купувања (опции за купување на тргуваните средства). Делува како важен индикатор за одредување на општиот тренд на пазарот.

Дали знаете?
Учењето за Форекс и тргувањето со CFD може да Ви донесе многу придобивки, вклучувајќи и подобри резултати. Ако сте подготвени да започнете тргување на Fortrade, само кликнете на копчето ‘Tргувај сега’.
Барана акција: ажурирање на лозинката
Барана акција: креирање лозинка
За да го подобрите своето искуство при најава, наскоро ќе ги користите само својата е-пошта и лозинка наместо бројот на TP. Креирајте ја новата лозинка сега за да обезбедите непречен пристап.
Почнувајќи од денес, ќе треба да се најавите користејќи ја својата е-пошта и лозинка наместо вашиот TP број. Креирајте ја новата лозинка сега за повторно да имате пристап до сметката.
Important Update for Serbian Users
It looks like you're a Serbian resident.
To comply with regulatory requirements, our services for Serbian residents are provided through our trusted partner, Kapital RS Inc A.D. Belgrade.
Ќе бидете пренасочени на веб-страницата {{Brand name}}, регулирана од {{regulation name}}, врз основа на информациите што ги дадовте досега. Условите и заштитите може да се разликуваат.