- T -
Take Profit (T/P) (Заработка)
Пазарен налог кој автоматски ја затвара позицијата на профитабилната хартија од вредност или финансиски инструмент кога ќе достигне однапред одредено ниво на цената кое е задоволително за трговецот. T/P, исто така, може да се користи и за долги (купување) и кратки (продажба) позиции.
Tenor
Преостанато време од денот на датумот на заемот за валутата, договорот или опцијата до истекот на рокот.
Three Session System (Три-зонски систем)
Девизниот пазар е поделен на тргување во три временски зони: Азиска (или Токиска), Европска (или Лондонска) и Северноамериканска (или Њујоршка). Се нарекува уште и Форекс три.
Tick (Помрднување)
Најмала можна промена на вредноста на хартиите од вредност или финансиските инструменти (или нагоре или надолу).
Trading Amount (Износ за тргување)
Одредени секции и делови на тргувањето. Вредноста на тргувањето одговара на интегралниот број на трговски единици. На пример, договорите за злато и сребро посебно се купуваат и продаваат во лот големини од 10 и 1000 унци.
Trading Sentiment (Трговско мислење)
Општиот, преовладувачки став на трговците за одреден пазар, хартија од вредност или финансиски инструмент, процентуално опишан во тековните отворени куповни и продажни позиции.
Trailing Stop (Налог за прекин)
Налогот за прекин се користи за автоматско затварање на позиција со одреден процент или децимална вредност на долари подалеку од (над/под) пазарната цена на хартијата од вредност или финансискиот инструмент. Како што му сугерира името, стоп-налогот се “поместува” или ја следи пазарната цена, со што гарантира повисока поставка на прекинувачот (кога трендот на пазарот е поволен) или пониска поставка на прекинувачот (кога трендот на пазарот е неповолен).
Trend (Tренд)
Општа насока на пазарите или цените на хартиите од вредност или финансиските инструменти. Кратенките ” bull” и “bear” често се користат за опишување на двата главни видови на тренд – нагоре и надолу.
TRY
Службена ознака за турска лира.
TSE
Скратено за Токијска берза.