Што е P/L и Како Се Рачуна Во Тргувањето со Девизи
Како да определите дали сте профитабилни кога тргувате на forex пазарот? Научете да го рачунате PL (profit/loss) односот.


Ажурирано 14, јули, 2023.
Иако тргувањето со девизи на forex пазарот може да биде доста профитабилен зафат кога знаете што правите, движењето на девизниот курс исто така може да биде и ризично. Поради ова, доста важно е да се разбере што е P/L (profit / loss) и како се пресметува во тргувањето на пазарот со девизни курсови.
Во практично значење, P/L (profit / loss) значи добивка и загуба, а односот P/L функционира како моментален репер за трговци на нивните позиции. Исто така, мора да се земат предвид и остварените добивки или загуби во вашите затворени позиции, како и нереализираните P/L добивки или загуба во веќе отворените позиции.
На пример, ако треба да ги затворите вашите позиции во USD/CAD, EUR/CHF и GBP/JPY и сте уживале профитабилен просек од 75 долари по позиција, со просечна загуба од 25 долари, вашиот сооднос на P/L ќе биде 3: 1.
» Подобрете ги вашите вештини за тргување: проверете ги нашите напредни курсеви за тргување.
Како да се пресмета P/L во Forex
За да го одредите вашиот сооднос P/L, мора да ја пресметате просечната добивка на вашите профитабилни позиции и да ја поделите со просечната загуба на вашите позиции кои ви изгубиле капитал во:
Имено, соодносот може да се дефинира овака:
- P/L = Профитабилни тргувања во (X) период / Загубени тргувања во (X) период
Користете ја оваа конкретна P/L формула за да ги пресметате вашите позиции за купување и продавање:
- Формула за куповни позиции = (Тековен курс - отворен курс) x Единици x курс во долари
- Формула за продажни позции = (Отворен курс - Тековен курс) x Единици x курс во долари
Можете исто така да го пресметате вашиот P/L за позициите со комбинација од вие формули.
Исто така, вреди да се спомене дека P/L не мора да се пресметува рачно, бидејќи денес има многу автоматизирани решенија. Сепак, останува важно да се разбере како функционира точно односот и кои фактори влијаат на тоа, бидејќи треба да се осигурате дека не инвестирате во губитнички позиции.
» Започнете да вежбате денес: дознајте повеќе за демо сметките на Fortrade.
Слични објави

9 Важни Forex Термини и Концепти Што Треба Да Ги Знаете Пред Да Почнете да Тргувате
Filip Dimkovski
10, мај, 2024

Што е Цик-Цак Индикаторот и Како Да Го Искористите Максимално Во Тргувањето Со Девизи
Filip Dimkovski
7, јуни, 2023

5 Најпопуларни Големи Forex Парови За 2023
Filip Dimkovski
9, јануари, 2024

Психологија На Тргување: Подобрување Ба Фокусот и Дисциплината За Успешно Инвестирање
Marcel Deer
17, декември, 2023

Како Геополитичките Настани Влијаат На Нестабилноста На Финансискиот Пазар
Andrew Moran
28, декември, 2023