ЦФД (CFD) се комплексни инструменти и носат висок ризик од брзо губење пари како резултат на левериџ. 70.41% од сметките на клиентите-физички лица губат пари кога тргуваат со CFD. Потребно е да размислите околу сфаќањето на начинот на кој функционираат таквите договори и дали може да си дозволите да го преземете високиот ризик од губење на целиот ваш инвестиран капитал. Прочитајте целосно Предупредување за ризик.
CFDs се комплексни инструменти и содржат висок ризик од брзо губење пари поради левериџ. 71% од ритеил инвеститорите губат пари кога тргуваат со CFDs со овој провајдер. Треба да размислите дали можете да си дозволите да преземете висок ризик од губење на вашите пари.

Тргување од А до Ш

Пребарајте ги вообичаените форекс трговински изрази и дефиниции од A до Ш

Сѐ J K L M N O P A Q B R C S D T E U F V G W H X I Y

- A -

Account Balance (Состојба на сметка)

Износот на пари на сметката на почетокот на работниот ден, вклучувајќи ги сите уплати, исплати и/или други налози во парична противвредност (=кредитот минус долгот). Ако трговецот одлучи да ја затвори отворената позиција, состојбата на неговата сметка ќе се промени, во зависност од износот на профитот/загубата.

Accrued Interest (Пресметана камата)

Камати насобрани на валутите за тргување од премии и попусти, кои директно се однесуваат на договорите за замена на уплатата (арбитража на интерес), за време на секој поединечен договор.

Across the Board (Широко)

Широка промена на пазарот или тренд кој влијае на речиси сите акции и сектори. Името доаѓа од големиот панел користен низ историјата на NYSE за да се одбележи промената на цената.

Active Market (Активен пазар)

Пазар на којшто се одржуваат многу купувања и продажби.

Advancing Market (Растечки пазар)

Пазар на кој цените воглавно растат. Познат и како „поволен“ пазар.

Aftermarket (Затворен пазар)

Тргување со акциите на компаниите по завршувањето на пазарот.

Aftermarket Report / Извештај после затворање на тргувањето

Што претставува Aftermarket report?

Извештајот после затворање на тргувањето е извештај кој компанијата го објавува откако ќе отпочне секундарното тргување со нејзините акции на берзата. Пред започнувањето на секундарното тргување на финансискиот пазар, финансиските институции ја анализираат вредноста на компанијата. Откако ќе се изврши примарната емисија на акции, започнува тргувањето на пазарот на акции што во финансискиот речник се нарекува секундарно тргување. При иницијалната јавна понуда (IPO), компанијата пакетот на акции го продава на институционалните инвеститори (Примарна емисија) а институционалните инвеститори потоа тие акции ги нудат на пазарот на капитал (секундарно тргување). Секундарното тргување се одвива на меѓународните берзи, како што се Њујоркшката берза или NASDAQ.
Откако акциите на одредени компании ќе станат предмет на секундарно тргување, компанијата објавува извештај после затворањето на тргувањето, кој меѓу другото содржи: име на компанијата која ги емитирала акциите, тикер, датум на понудата, цена на отворање и цена на затворање. Извештајот после затворањето на тргувањето може да содржи дополнитлени информации како што се опис на самата компанија и финансиски податоци.

Како се употребува Извештајот после затворање на тргувањето ?

Извештај после затворање на тргувањето е корисно орудије за учесниците на пазарот за да го проценат интересот за акциите на новата компанија. Затоа што не постои гаранција во поглед на движењето на цената во иднина, извештајот после затворањето на тргувањето пружа основни информации и индикации за учесниците на пазарит да знаат дали да инвестираат во одредена акција или не. Учесниците на пазарот кои се интересираат за договори во разликата помеѓу цените го користат извештајот после затворањето на тргувањето за да добијат впечаток дали цената ќе расте или паѓа.

Содржина на fortrade.com во врска со извештајот после затворање на тргувањето:
• NASDAQ
• NYSE

All Time High (ATH) (Највисока цена)

Што е највисока цена?
Највисока цена (ATH) е највисоката цена во историјата која што одреден финансиски инструмент ја достигнал на пазарот.

Како се користи највисоката цена?
Финансискиот инструмент кој достигнал највисока цена може да даде нови прилики, но и неприлики за трејдерите. Ако финансискиот инструмент редовно достига највисока цена, трејдерот може да ја препознае тенденцијата на растот и да инвестира во соогласност со тоа. Но, деталната техничка и фундаментална анализа исто така се неопходни за да би се одредило кога цената на активата ќе го допре нивото на отпор и ќе започне повторно да паѓа. Највисоката цена не треба да се користи самостално за да се одреди стратегијата на тргување, но треба да се користи како една од корисните алатки кои треба да се земат во предвид.

Содржина на Fortrade.com во врска со највисоката цена

  • Closing price/цена на затворање
  • Downtrend/Тенденција на опаѓање/Опаѓачки тренд
  • Previous Close Rate/Претходна стапка на затворање
  • Тренд
  • Uptrend/Тенденција на Раст/Растечки тренд

Annual Percentage Yield (APY) (Годишен процент на поврат)

Годишна стапка на поврат на инвестициите. На пример, инвестиција од 10 000 £ со 5% годишна стапка донесува 500 £ годишно и има APR од 5%. Позната е и како годишна стапка на поврат или едноставно како APR.

Arbitrage (Арбитража)

Заедничко влијание врз продажбата и купувањето на истите или еквивалентни валути за да се искористат ценовните разлики помеѓу пазарите.

Asian Trading Session (Азиско време на тргување)

Кога е лето почнува од 00:00 GMT и трае до 09:00 GMT, а кога е зима почнува од 23:00 GMT и трае до 08:00 GMT. Познато е и како Токиско време на тргување.

Ask (Бара)

На офшор пазарот терминот „ask (бара)“ се однесува на најниската цена по која брокерот се согласува да ја продаде хартијата од вредност (на пр. валута, акција, индекс или суровина), во секое време. Продажната цена , позната и како „offer (понуда)“ безмалку секогаш ќе биде поголема од „bid (куповна)“ цената (=највисока цена која брокерот се согласува да ја плати за купување на валутата, во секое време). Брокерските компании, најчесто, заработуваат од разликата помеѓу продажната и куповната цена. Оваа разлика се нарекува продажно-куповна разлика “.

AUD

Службена ознака за австралиски долар.

Aussie

Прекар за австралискиот долар.

Дали знаете?
Учењето за Форекс и тргувањето со CFD може да Ви донесе многу придобивки, вклучувајќи и подобри резултати. Ако сте подготвени да започнете тргување на Fortrade, само кликнете на копчето ‘Tргувај сега’.
Барана акција: ажурирање на лозинката
Барана акција: креирање лозинка
За да го подобрите своето искуство при најава, наскоро ќе ги користите само својата е-пошта и лозинка наместо бројот на TP. Креирајте ја новата лозинка сега за да обезбедите непречен пристап.
Почнувајќи од денес, ќе треба да се најавите користејќи ја својата е-пошта и лозинка наместо вашиот TP број. Креирајте ја новата лозинка сега за повторно да имате пристап до сметката.
Important Update for Serbian Users
It looks like you're a Serbian resident.
To comply with regulatory requirements, our services for Serbian residents are provided through our trusted partner, Kapital RS Inc A.D. Belgrade.
Ќе бидете пренасочени на веб-страницата {{Brand name}}, регулирана од {{regulation name}}, врз основа на информациите што ги дадовте досега. Условите и заштитите може да се разликуваат.