- C -
Cable
Жаргонски израз за валутниот пар британска фунта/американски долар (GBP/USD). Се користи и кога станува збор за GBP.
CAD
Службена ознака за канадски долар. Познат е и како “Loonie” или “Funds”.
Candlestick Chart (Графикон во облик на свеќа)
Видови графикони кои често се користат од страна на трговците и финансиските професионалци, кои укажуваат на целиот спектар на времето на тргување (од почетната цена до крајната цена), со помош на засенчени правоаголни форми.
Cap-Weighted Index (Пондериран индекс со ограничување)
Берзански индекс кај кој секоја акција е пондерирана според пазарната капитализација. Како резултат на тоа, компаниите со поголема пазарна граница имаат поголемо влијание врз движењето на цените од компаниите со помала пазарна граница. NASDAQ-100, британскиот FTSE 100, францускиот CAC 40 и шпанскиот IBEX 35 се примери за пондерирани индекси со ограничување.
Cash and Carry Trade (“Плати и носи тргување”)
Арбитрарна стратегија за тргување, кога трговецот има “долга” позиција на хартиите од вредност или суровините, заедно со “кратка” позиција на фјучерсите за истата хартија од вредност или суровина. Во тој случај, хартијата на вредност ќе остане до датумот на доспевање на фјучерсот, со што ќе се покрие кратката позиција преку претходната инвестиција на долга позиција.
CBOE
Скратено од Chicago Board Options Exchange, најголем светски пазар за берзанско тргување со хартии од вредност и опции.
Central Bank (CB) (Централна Банка)
Владина или квази-владина организација која ја управува и контролира монетарна политика на државата (или група на држави). Нејзините одговорности, најчесто, вклучуваат издавање на книжни и ковани пари, управување со државниот кредитен систем и следење на системот за комерцијално банкарство. Истакнатите централни банки ги чинат: Централната банка, Банката на Англија (BOE), Европската Централна Банка (ЕЦБ), Јапонската Банка (BOJ) и Народната Банка на Кина (PBC).
Centralised Market (Централизиран пазар)
Национална или локална берза каде што се тргува со хартии од вредност и финансиски инструменти со фиксни цени, без влијание на други конкурентни пазари. Наведената цена на хартиите од вредност котирани на пазарот е единствената достапна цена за трговците кои сакаат да купат или продадат одредена хартија од вредност. Главните централизирани пазари ширум светот вклучуваат берзи како што се ТSЕ и пазарите на хартии од вредност и суровини, како што се CME и ASE. Спротивно на ова, девизниот пазар е децентрализиран пазар, бидејќи нема одредено физичко место каде што инвеститорите можат да тргуваат со валути.
CFD
Договор за разлики, односно отворен договор без специфичен датум на порамнување кој може да се затвори на барање на сопственикот, во кој износот на паричното порамнување е разликата помеѓу цената на релевантното средство договорено на почетокот на договорот и неговата пазарна цена на датумот на порамнување.
CFD Rollover / Роловер
Што представува роловер?
Кога учесниците на пазарот имаат отворени позиции на финансиските договори за разлика во цената (CFD) (куповни и продажни позиции) финансиската институција која го организира тргувањето може спрема однапред најавен временски термин да го затвори тргувањето на одреден финансиски инструмент. Во тие случаеви, учесниците на пазарот можат да затворат одредена позиција и со тоа да го вкнижат профитот или губитокот или да ја остават отворена позицијата со надеж дека ќе профитираат. Доколку позицијата остане отворена, финансиската институција која го уредува тргувањето, ќе ја заработи разликата помеѓу цената на затворање и новата цена на финансискиот инструмент, и истата ќе биде наплатена од учесниците на пазарот.
Како роловер влијае на тргувањето на финансиските пазари?
Учесниците на пазарот треба да ги погледнат роловер датумите пред отворање на позицијата. Роловер датумите се однапред познати и обично се поставуваат секои три месеци и се активираат навечер помеѓу недела и понеделник. Доколку позицијата остане отворена за време на затворање во петок, цената на тој финансиски инструмент ќе биде заменета на цена после роловерот, во ноќта помеѓу недела и понеделник, учесниците на пазарот користат да би ја виделе профитабилноста, што им служи како процена дали да ја затворат позицијата или пак да останат во позиција.
Содржина на сајтот fortrade.com поврзана со терминот роловер:
• Продажна позиција
• Куповна позиција
• Ценовен распон помеѓу куповната и продажната позиција
• Договори за разлика
• Затворање на позиција
• Отворање на позиција
• Роловер датуми
Champaign stocks
Што претставуваат Champaign stock?
Champaign stocks се акции чија што вредност расте ,многу високо, многу брзо, многу често и исто така неочекувано. Champaign stocks можат да бидат во било кој сектор или било која индустриска гранка. Како најскорашен пример за ваков тип на акцијаа ќе ја земеме акцијата на American Airlines group, чија што цена драматично порасна помеѓу септември 2013 и крајот на 2014 година со раст поголем од 233%. Терминот “champagne stock” произлегува од идејата дека акционерите се премногу возбудени од големите заработки за краток период и сакаат да отворат шише шампањнско за да прослават. Исто така како цената на овие акции може брзо да порасне, така може брзо и да падне.
Како се употребуваат Champaign stocks?
Champaign stocks можат да бидат екстремно профитабилни за трејдери кои навремено ќе препознаат можност за раст на акциите. Опасноста се состои во тоа што цената на Champaign stock може драматично да порасне, но меурот исто така може и да се распрсне и цената на акциите исто така може брзо да опадне. Познавајќи го оптималното време за влегување во куповна и продажна позиција бара одлично познавање на трендовите на пазарот и одлично пзонавање на фундаментални и технички анализи.
Содржина на Fortrade.com поврзана со Champaign stocks:
• Активен пазар
• Рекордно висока цена (ATH)
• Криптовалути
CHF
Службена ознака за швајцарски франк.
Client Account (Клиентска сметка)
План за спроведување на трансакции на валутите и трансакции поврзани со CFD на признаениот пазар што клиентот во моментот го има или би можел да го има во секое време во иднина. Планот, најчесто, вклучува потврда на трансакции, сопственички листи, отворени и/или нерешени позиции, пари или еквиваленти на пари.
Close a Position (Затварање позиција)
Процес на затварање на активното тргување или продажба на долга позиција (познато и само како “купи”) или покривање на кратка позиција (познато и само како “продај”).
Closed Trades (Затворени тргувања)
Листа на неодамна затворени тргувања.
Closing Price / Цена на затворање
Што претставува цената на затворање?
Цената за затворање, исто така позната како завршна понуда, е цената на финансискиот инструмент на пазарот за тргување на крајот од денот на тргувањето. Важно е да се напомене дека цената на затворање на еден ден не е нужно иста како и цената на отворање на истото средство наредниот ден. Флуктуациите во вредноста на средствата можат честопати и да продолжат дури и кога пазарите се затворени и со средството не се тргува.
Како некој ја користи цената за затворање?
Цената на затворање е примарен показател за трејдерот за тоа што се случило со валутниот пар во текот на денот при отворена долга или кратка позиција. Со разгледување на цената на затворање, заедно со дневно највисоката и дневно најниската цена, трејдерите можат да ја загрозат волатилноста на валутата и да развијат стратегија за да ја купат, продадат или да ја избегнат валутата.
Содржина на Fortrade.com поврзана со цената за затворање:
• Купи
• Дневно највисока
• Дневно најниска
• Цена на отворање
• Волатилност
CME
Скратено од Chicago Mercantile Exchange, една од најголемите и највлијателните берзи за тргување со опции и фјучерси во светот.
CNY
Службена ознака за валутата кинески јуан, кога се тргува во Хонг Конг (oзнака: ¥). Често се заменува со RBB, „ренминби“- службената ознака на валутата на Народна Република Кина.
Commodity / Стоки
Што претставуваат стоките?
Стоките се агрокултурни производи или суровини кои можат да се купуваат, продаваат или тргуваат. Стоките се поделени во четири основни групи:
- Енергенти (како бензин, сурова нафта и природен гас)
- Земјоделство (како пченица, кафе, шеќер и пченка)
- Живи стоки (како што се свинско месо и говеда)
- Метали (како злато, сребро и бакар)
Цените на стоките многу зависат од понудата и побарувачката и како такви, во голема мера се под влијание на временските услови, природните непогоди и геополитичките настани. Како резултат на тоа, силната фундаментална анализа е клучна за успешното тргување со стоки.
Како некој користи стоки?
Трејдерите можат да тргуваат со цената на стоките, најчесто како фјучерс договор. Ова е договор во кој трговецот купува акции на стоката во иднина, но во кој е загарантирана одредена цена, во случај надворешните фактори, како што се природни непогоди поврзани со временските услови или геополитички настани, да влијаат врз цената на стоките . За трговците на CFD на стоки, инвестициите се засноваат на тоа како трејдерот верува дека цената на стоките ќе се однесува во однапред определена временска рамка.
Содржина на Fortrade.com поврзана со стоковните производи:
• Активен пазар
• CFD
• Фјучерс договори
Compounding / камата на камата после одреден временски период
Што е сложено вкаматување?
Приносите после одреден временски период се умножуваат експоненцијално после одреден временски период. Настанува обично кога приходите на главницата и приходите од каматите имаат стабилна стапка на раст за време на одреден временски период. Ако на пример учесник на пазарот инвестира 20.000 долари и оствари 25% профит годишно, на крајот од годината иницијалната инвестиција ќе вреди 25.000 долари, ако се продолжи годишната стапка на профит од 25%, иницијалната инвестиција после две години ќе вреди 31.250 долари и така натака. Суштината е дека со тек на време, иницијалната инвестиција расте се повеќе и повеќе.
Како да се гледа на сложеното вкаматување?
Сложеното вкаматување е основно орудие за време на управување со капитал. Ако тоа постои, вредноста на иницијалната инвестиција расте со тек на време. Учесниците на пазарот кои овака пристапуваат на ивестирањето, се попрофитабилни на долг временски период.
Содржина на сајтот fortrade.com поврзан со терминот приход после одреден временски период:
• Состојба на трговската сметка
• Камата
• Каматна стапка
Cross Currency Pair (Меѓувалутен пар)
Валутен пар за тргување на Форекс пазарот кој не го вклучува американскиот долар. На пример, евро против јапонски јен (EUR/JPY).
Currency Pair (Валутен пар)
Размена на една единица на валутата во однос на друга. Валутата која се наведува (именител) се смета за главна валута, а валутата што се користи како референца се нарекува спротивна валута или номинална валута (броител). Резултатот на валутниот пар е неговиот девизен курс. Кликнете овде за да ја видите целосната листа на достапни валутни парови за тргување.