- D -
Daily Change (Дневна промена)
Што е дневна промена?
Дневна промена претставува осцилација на одреден финансиски инструмент во текот на една сесија на тргување. Едноставно се мери со споредба на цените на финансискиот инструмент на крајот на сесијата на тргување со цената на крајот на претходната сесија на тргување.
Како се користи дневна промена?
Важноста на дневната промена е прилично јасна.
Им овозможува на трејдерите да пратат колку заработиле и изгубиле во текот на едно дневно тргување.
Се користи во комбинација со претходните и наредните дневни промени со цел да се одредат долгорочните трендови на одредениот финансиски инструмент, што му дава на трејдерот одлична алатка на техничката анализа за градење на стратегија за тргување.
Содржина на Fortrade.com во врска со дневната промена
- Bear Market/Мечка пазар
- Bull Market/Бик пазар
- Closing price/Цена на затворање
- Downtrend/Tendencija pada/Опаѓачки тренд
- Previous Close Rate/Претходна стапка на затворање
- Тренд
- Uptrend/Тенденција на раст/Растечки тренд
Day High (Дневен максимум)
Највисока цена за валутата или финансискиот инструмент со која се тргувало во текот на денот.
Day Low (Дневен минимум)
Најниска цена по која се тргуваат хартиите од вредност или финансиските инструменти во текот на денот.
Derivative (Дериват)
Финансиски инструмент или хартија од вредност чија вредност е изведена и зависна од вредноста на друго средство или финансиски инструмент (како што се девизен курс, суровини, акции, индекс, обврзница или договор за хипотека). Главната причина за користење на деривати е да се намали ризикот на едната страна и да се понуди потенцијално голем поврат со поголем ризик на другата страна. Постојат четири главни типови на деривативни договори: авансни плаќања, опции, фјучерси и размени.
Derivative Markets / Пазар на деривати на финансискиот пазар
Што се пазари на деривати?
Дериватни финансиски инструменти се оние чија вредност е изведена од одреден финансиски инструмент. Еден од примерите за деривати се финансискиите договори за разлика во цените (CFD). Со дериватите обично се тргува на вонберзански (OTC) пазари и не се подложни на стриктна регулатива што ги сврстува во ризични инвестиции во однос на оние кои се тргуваат на регулирани берзи.
Како пазарот на деривати на финансискиот пазар влијае на учесниците на пазарот?
Најчест облик на деривативни финансиски инструменти се фјучерс договорите, во кои договорните страни унапред се усогласуваат во врска со цената на финансиксиот инструмент и точното време на извршување на трансакцијата. Останатите деривати вклучуваат финансиски договори за разлика во цените, форвард договори, опции и свап на каматни стапки.
Содржина на сајтот fortrade.com поврзана со терминот Пазар на деривати на финансискиот пазар
• CFD
• Дериват
• Договор за идна цена
• Фјучерс
• Swap
Desktop Trading Platform (Платформа за тргување за десктоп компјутер)
Софтвер за преземање, преку кој трговците можат да пристапат до финансиските пазари, да ги отворат, уредуваат и затворат трговските позиции и да добиваат ажурирање на курсевите во живо, графикони и други технички показатели, преку компјутер или Mac десктоп компјутер или лаптоп.
Deutsche Bundesbank (Германска Бундес Банка)
Централна Банка на Совезна Република Германија (позната и како Централна Банка) и најважен член на Европскиот состав на централни банки (ESCB).
Devaluation (Девалвација)
Службена промена на цената на хартијата од вредност или финансискиот инструмент, особено во однос на валутата (каде што е индициран падот на девизниот курс). Спротивно на ревалоризацијата.
DKK
Службена ознака за данска круна.
Downtrend (Тренд на опаѓање)
Ситуацијата во која секој успешен скок или пад на графиконот на цената на хартиите од вредност е понизок од претходниот. Спротивна ситуација е трендот на пораст.