- S -
S&P 500 (Standard & Poor’s 500)
Американски берзански индекс кој вклучува 500 водечки, извонредни компании во државата (се нарекува и SPX500). Мнозинството го смета како најголемиот индикатор за берзанскииот пазар во САД. За повеќе детали кликнете овде.
Segregated Account (Одвоена сметка)
Сметка со кој посебно се управува, која брокерската компанија ја користи за да ги одвои парите на клиентот од неговите лични средства.
SEK
Службена ознака за шведска круна.
Sell (Продажба)
Заземање кратки позиции на хартијата од вредност за тргување, како што се валутен пар, акции, индекс или суровини. Спротивно на “купи” (или долга позиција).
SGD
Службена ознака за сингапурски долар.
Short Covering (Кратко покривање)
Повторен откуп на хартии од вредност или финансиски инструмент претходно продадени (на кратка позиција) за да се затвори (излезе од) таа позиција.
Short Squeeze
Што претставува short squeeze?
Short squeeze се случува кога трејдерите кои влегле во кратка(продажна) позиција мораат во многу краток рок да ја затворат продажната позицијата по цена повисока од онаа по која го продале финансискиот инструмент, што предизвикува неочекуван ценовен скок. Во суштина, short squeeze се јавува кога трејдерите предвидуваат (ама тоа не се случува) дека цената на некоја актива може да падне, така да продаваат по повисока цена со очекување дека подоцна ќе купат по пониска цена. Меѓутоа, ако се воспостави дека цената ќе порасне, некои трговци можат да бидат подлежни на паника и да ги затворат позициите по цена повисока со цел да ги ограничат своите загуби. Така, тие ја зголемуваат побарувачката и ја поттурнуваат цената нагоре.
Како short squeeze влијае врз трејдерите со валути?
Short squeeze во суштина е ситуација во која трејдерот може да ги смали своите загуби, додека во исто време тој сам потпомага предметното средство да остане недостапно по пониска цена на која што се надевал. Short squeeze не е пожелен за трејдерите во било кој контекст, но може да им помогне да избегнат неповолна ситуација.
Содржина на Fortrade.com во врска со short squeeze
- Bull Market/Бик пазар
- Buy/Купи
- Closе a position/Затвори ја позицијата
- Sell/Продај
Silver Contract (Договор за сребро)
Една од најактивните суровини за тргување на пазарот. Стандардната единица за тргување за еден договор е 1000 унци. За повеќе информации за оваа суровина, кликнете овде.
Slippage (Стапка на лизгање)
Разликата помеѓу бараните цени на тргувањето и неговите извршени цени. Најмногу се јавува во текот на периодот на релативно високи пазарни изливи. Трговците на Fortrade уживаат во исклучително ниски стапки на лизгање. Кликни овдеза повеќе информации.
SNB
Швајцарска Национална Банка (Swiss National Bank), Централна Банка на Швајцарија.
Spot (Промптно, итно)
Тргување кое бара итно решавање (во повеќето случаи: два работни дена по извршувањето).
Spread (Распон на разлики во цената)
Распонот на разликата помеѓу куповните цени (цена по која брокерот или трговецот се согласни да купат хартијата од вредност или финансискиот инструмент) и продажните цени (цена по која брокерот или трговецот се согласни да продадат хартијата од вредност или финансискиот инструмент).
SSL
Протокол за пренесување на заштитно-координирани податоци (Secure Sockets Layer). Обезбедува и одржува постојана врска помеѓу прелистувачите и веб страниците, овозможувајќи безбеден пренос на личните податоци на корисникот.
Sterling
Надимак за британската фунта (GBP).
Stop Loss (S/L) (Стопирање на загуба)
Пазарен налог кој автоматски ја затвора позицијата на непрофитабилната хартија од вредност или финансиски инструмент кога ќе достигне одредена цена, со цел да се ограничи загубата и да се спречи потфрлување. Ѕ/L, исто така, може да се користи за долги (купување) и кратки (продажба) позиции. Исто така познат е и како “налог за стопирање” или “пазарен налог за стопирање”.
Stop Out (Стопирање)
Ниво на маргината (опишано во проценти) при кое платформата за тргување автоматски ќе ги затвори отворените трговски позиции (почнувајќи од најмалку профитабилната позиција додека не се достигне нивото на маргината), за да се спречат понатамошни потенцијални загуби.
Support Level (Ниво на поддршка)
“Дно” на цената за која се верува дека пазарот, хартиите од вредност или финансискиот инструмент нема да го достигне. Спротивно на нивото на отпор.
Swap (Своп)
Што е своп?
Свопот е прекуноќен надоместок, своевидно кредитно задолжување за прекуноќната отворената позиција. Износот ја одржува разликата на каматната стапка на централните банки (на основа на пазарните стапки и спредот) на двете вкрстени средства. Своповите се кредитираат или задолжуваат по еднаш за секој ден во неделата, со икслучок на среда кога тоа се прави по три пати повисока вредност од редовниот износ. Надоместокот за свопот се пресметува дневно во 20:59 часот по гриничко време (GMT).
Како свопот влијае врз позицијата на трејдерот?
Надоместоците за свопот секојдневно ги објавуваат финансиските институти со кои Fortrade соработува и се утврдуваат во склад со различните критериуми за управување со ризикот и пазарните услови.
Премијата за своп се пресметува на следниов начин:
Вредноста на пипсот (зависно од големината на позицијата) * Своп стапката во пипсеви* Број на ноќи = Своп задолжување/кредит
Форекс пример:
Доколку се отвори кратка(sell) позиција на EUR/USD од 1 лот на сметка деноминирана во USD:
- 1 Лот = 100,000
- Вредност на 1 пип = 10 USD
- Своп = -3.2839 Поени (0.32839 во пипсеви)
- Број на ноќи = 1
Своп премија: 10 * 0.32839 * 1 = 3.2839 USD
CFD пример:
Доколку се отвори кратка(buy) позиција на нафта за 1 лот(1000 барели) на сметка деноминирана во USD:
- Своп = -0.3807
- Вредност на 1 цент = 10 USD
- Број на ноќи = 1
Своп премија: 10 * -0.3807 * 1 = -3.807 USD
Содржина на Fortrade.com во врска со своп задолжување
- Central Bank (CB)/Централна Банка
- Currency Pair/Валутен Пар
- Foreign Exchange/Девизна размена
- Interest Rate/Каматна Стапка
- MetaTrader 4 (MT4)
- Overnight position/Ноќно премостување на позиции
Swissy
Што представува Swissy?
“Swissy” има две значења во светот на форекс. Општиот термин е пазарен сленг за швајцарски франк (CHF). Најчесто, терминот “Swissy” се користи како име за валутниот пар USD/CHF, кој ја мери силата на американскиот долар во однос на швајцарскиот франк. Се смета за еден од главните валутни парови.
Како се користи Swissy?
Како и кај секој валутен пар, првата наведена валута е “основна валута” и секогаш е еднаква на 1. Втората валута е “контра валута”, и ја одразува вредноста на една единица на основната валута. На пример, ако Swissy, за кој рековме дека представува USD/CHF, е на 1,01652, тоа значи дека 1 американски долар изнесува 1,01652 швајцарски франци. Ако Swissy порасне на 1,02000, тоа значи дека американскиот долар зајакнал, бидејќи со еден долар сега може да се купат повеќе франци одколку што можело предходно. Ако Swissy падне на 1,10225, франкот зајакнал. На Fortrade, можете да најдете актуелен трговски графикон на Swissy.
Содржина на Fortrade.com во врска со Swissy
- Base and Quote currencies/Основна и котирана валута
- Currency pair/Валутен пар
- Major Currency Pairs (Majors)/Главни валутни парови
- USD
SX5E
Симбол за индексот EURO STOXX 50, европски, водечки индекс за Еврозоната.