ЦФД (CFD) се комплексни инструменти и носат висок ризик од брзо губење пари како резултат на левериџ. 76% од сметките на клиентите-физички лица губат пари кога тргуваат со CFD. Треба да размислите дали можете да си дозволите да преземете голем ризик да ги изгубите парите. Прочитајте целосно Предупредување за ризик.
CFDs се комплексни инструменти и содржат висок ризик од брзо губење пари поради левериџ. 77% од ритеил инвеститорите губат пари кога тргуваат со CFDs со овој провајдер. Треба да размислите дали можете да си дозволите да преземете висок ризик од губење на вашите пари.

4 Важни Прашања Што Треба Да Ги Поставите на Вашиот Брокер

Пред да почнете да тргувате, треба да си ги разгледате опциите. Овој блог ќе ви ги каже четирите најважни прашања што треба да ги поставите на вашиот брокер.

Filip Dimkovski - Writer for Fortrade
Од Filip Dimkovski
Joel Taylor - Editor for Fortrade
Проверено од Joel Taylor

Ажурирано 28, март, 2023.

Сигурно знаете дека, за да инвестирате, морате да дадете дел од вашиот капитал за подоцна да заработите повеќе. Со оглед на тоа што ќе ставате дел од вашите тешко заработени пари во рацете на брокер, важно е да ја потврдите веродостојноста и стручноста на истиот. Овие четири суштински прашања ќе ви помогнат да знаете што да очекувате од брокерот и како да сте сигурни дека вашите пари се на безбедно место.

1. Што сѐ содржи вашиот пакет од услуги?

Добар и сигурен брокер ќе ви понуди пакет на услуги кои ќе ви помогнат при вашето искуство како нов трговец, без разлика дали ќе тргувате со девизи, стоки, или средства. Треба да се информирате повеќе за вашиот брокер со тоа што ќе го знаете одговорот на следните прашања:

  • Дали е платформата лесна за користење
  • Дали нудите напредни алатки за графикони и анализа
  • Дали нудите образовни ресурси
  • Дали нудите техничка поддршка на вашите корисници

2. Кои се вашите трговски трошоци и потенцијални провизии?

Различни брокери имаат различни провизии и такси за нивните услуги - генерално, постојат три вида на трошоци што можеби ќе треба да ги платите како трговец:

  • Распон: Добар брокер ќе ви понуди тесен распон што ќе ви овозможи да го максимизирате вашиот профит.
  • Провизии: Повеќето брокери наплаќаат мала провизија за секоја позиција што ќе ја отворите и затворите правите - најдете брокер со ниски провизии за да обезбедите повисоки добивки.
  • Добри цени: Од клучна важност е да ги проверите разликите во цени во средствата помеѓу брокерите и да изберете брокер што нуди подобри цени.

Ако тргувате со левериџ, не заборавајте да го проверите критериумот за маржа или маргина на брокерот, бидејќи тоа ќе одреди колку пари ќе треба да ставите како депозит. Условот за ниска маржа најчесто значи помал депозит.

3. Дали сте регулиран давател на услуги на Forex пазарот?

Сите добри и стабилни брокери се законски регулирани, што значи дека мора да се придржуваат до одредени правила и прописи поставени од финансиски орган во нивното законодавство. Ова ве заштитува како трговец затоа што знаете дека брокерот е одговорен за своите постапки.

4. Која е вашата брзина за отворање и затворање на позиции?

Во брзиот свет на тргување со девизи, секоја секунда е важна, и не би било добро да пропуштите ниту еден потенцијален профит бидејќи вашиот брокер е премногу бавен во извршувањето на вашите позиции.

Обично, се смета дека добро време за извршување на позиции кај еден брокер се пократни од 100 милисекунди. Добар начин да се тестира брзината на брокерот е да се отвори демо сметка и да поставите неколку позиции. Потоа, пробајте да ги затворите истите.

» Подготвени сте да започнете со тргување? Дознајте повеќе за тргувањето со Fortrade и испробајте ја вашата бесплатна демо сметка.