ЦФД (CFD) се комплексни инструменти и носат висок ризик од брзо губење пари како резултат на левериџ. 70.41% од сметките на клиентите-физички лица губат пари кога тргуваат со CFD. Потребно е да размислите околу сфаќањето на начинот на кој функционираат таквите договори и дали може да си дозволите да го преземете високиот ризик од губење на целиот ваш инвестиран капитал. Прочитајте целосно Предупредување за ризик.
CFDs се комплексни инструменти и содржат висок ризик од брзо губење пари поради левериџ. 71% од ритеил инвеститорите губат пари кога тргуваат со CFDs со овој провајдер. Треба да размислите дали можете да си дозволите да преземете висок ризик од губење на вашите пари.

Тргување од А до Ш

Пребарајте ги вообичаените форекс трговински изрази и дефиниции од A до Ш

Сѐ M N O P A Q B R C S D T E U F V G W H X I Y J K L

- F -

Federal Reserve Bank (Банка на федералните резерви)

Централен банкарски систем во САД. Се смета за најголема монетарна институција на светот.

Fiat money

Што претставува (fiat money)?

Fiat money е термин кој им се дава на повеќето валути што се формирани како легален тендер од страна на владите, без да бидат инкорпорирани во физичка стока, како злато или сребро.

Како се користи (fiat money)?

Самата основа на онлајн тргувањето, особено девизното тргување, без разлика дали се работи за големи валутни парови, помали парови или егзотични валутни парови, се базира околу силата на фиат валутите една на друга. Вредноста на секоја валута може да биде засегната од голем број надворешни фактори, но најрезистентен фактор може да биде довербата што јавноста ја има во силата на одредена валута. На пример, ако разните економски ситуации во Обединетото Кралство ги натера инвеститорите да влијаат врз силата на британската фунта, тогаш вредноста на GBP во однос на другите валути – поточно еврото и УСД – ќе се намали, бидејќи инвеститорите се оддалечуваат од потпирањето врз таа валута зависно од реланата економска состојба во таа земја. Поминаа деновите кога таа вредност ќе биде поврзана со цената на златото, односно нејзиното влијание врз довербата што ја има јавноста во одредена валута – или пак колку е повисока стапката на инфлација од таа валута – толку е помала нејзината суштинска вредност.

Содржина на Fortrade.com поврзана со (fiat money):
• Стоки
• EUR (Евро)
• Егзотични валутни парови
• GBP (Британска фунта)
• Големи валутни парови
• Мали валутни парови
• USD (американски долар)

Fifty Two (52) Week High/Low (Педесет и две неделен максимум/минимум)

Највисоки и најниски цени по кои се тргува со хартиите од вредност или финансиските инструменти во последните 52 недели.

Financial Conduct Authority (FCA) (Агенција за надзор на финансиските услуги)

Службен орган за финансиски надзор во Обединетото Кралство. Одговорен за регулирање на финансиските брокерски компании и даватели на онлајн финансиски услуги, внимавајќи да се имплементираат и одржуваат строгите стандарди за спроведување и безбедносни процедури. Кликнете овде за да го видите Fortrade на веб страницата на FCA.

Financial Instrument (Финансиски инструмент)

Средства за тргување / хартии од вредност од било кој вид чија вредност е утврдена директно (со пари или со парична противвредност) или индиректно (инструменти на деривати). Финансиските инструменти вклучуваат хартии од вредност како што се кредити и уплати. Инструментите на дериватите вклучуваат средства како што се акции, индекси и каматни стапки. Кликнете овде за целосната листа на финансиските инструменти со кои можете да тргувате на Fortrade.

Financial Report (Финансиски извештај)

Резиме на сите трансакции и позиции (долги и кратки) помеѓу брокерот и клиентот. Познато и како “Извод на сметка”.

Financial Strength (Финансиска моќ)

Кога станува збор за онлајн тргување, финансиската моќ ја одразува способноста на трговецот да отвори нови тргувања во рамките на платформа за тргување. Се пресметува според неговата слободна маргина (т.е. разликата помеѓу капиталот и маргините што се користат).

Flat (Постојан,Стабилен)

Израз со три различни значења: кога станува збор за трендовите на пазарот, стабилниот пазар ниту расте ниту опаѓа; кога се однесува на одредено средство, основно средство е финансискиот инструмент кој нема добиено или изгубено камата; Кога станува збор за тргувањето, трговецот вели дека има стабилна трговинска позиција кога таа не е ниту долга ниту кратка.

Foreign Exchange (Странски девизи)

Финансиска организација или систем кој работи со валутите на други земји. Познато и како Форекс или FX.

Foreign Exchange Market (Девизен пазар)

На глобално ниво, децентрализиран пазар за девизно тргување. Кога станува збор за обемот на тргување, девизниот пазар е најголемиот финансиски пазар во светот со дневен промет од над 5 трилиони долари.

Forward (Термински договор)

Терминскиот договор, колоквијално познат како авансен, е договор за купување или продажба на суровини, хартии од вредност или финансиски инструменти на одреден датум во иднина по одредена цена. Ова е завршен договор со кој ќе се добие суровина или финансиско средство, наспроти опцијата која нуди избор за комплетирање или незавршување на тргувањето. За разлика од фјучерсите, терминскиот договор не е договор со стандардни услови. Тие се договорени помеѓу купувачот и продавачот за секое тргување и се купуваат и продаваат надвор од берзата (OTC), а не на берзата.

Forward Contract (Договор за идна цена)

Што е договор за идна цена?
Договор за идна цена е договор помеѓу купувачот и продавачот дека ќе тргуваат со одредена актива, најчесто е во прашање валута, според однапред договорена фиксна цена и датум. За разлика од фјучерс договорите, договорите за идни цени се приватни спогодби помеѓу купувачот и продавачот и како такви со нив не се тргува на централизираната берза, туку се сметаат за дел од OTC/вонберзанскиот пазар. Ова ги прави договорите за идни цени различен потфат во однос на фјучерс договорите. Основни фактори во одредувањето на цените на договорите за идни цени се пазарната вредност на активата и времето во кое договорот ќе биде исполнет, врз што влијаат цените на свопот(swap).

Како се употребува Договорот за идна цена?
Договорите за идни цени се купуваат на сличен начин на кој се купуваат и фјучерс договорите. Купувачот и продавачот се договараат за активата која ќе се продава, за цената и за датумот кога ќе биде објавена размената. Договорот за идна цена се решава дури откако ќе истече договорениот рок, за разлика од фјучерс договорите кои се решаваат на дневна база. Договорите за идни цени пред се се користат како хеџ/заштита(hedge) против волатилноста/колебливоста на активата со која се тргува. Договорите за идни цени можат да се прилагодуваат на потребите на трејдерите во однос на фјучерс договорите. Даваат повеќе флексибилност но и поголем ризик.

Содржина на Fortrade.com во врска со договорите за идни цени

  • Брокер
  • Centralised Market/Централизиран пазар
  • Expiry Date/Датум на истек
  • Futures Contract/Фјучерс договор
  • OTC Market/Вонберзански пазар
  • Swap rates/Своп цена
  • Volatility/Волатилност/Колебливост

Free Margin (Слободна маргина)

Се однесува на достапната маргина на располагање на трговецот за да отвори позиција за тргување на хартијата од вредност или на финансиски инструмент. Затоа, слободната маргина е еднаква на “Капиталот” на “искористената маргина” на трговецот. Слободната маргина се зголемува или намалува, во зависност од вкупните добивки на трговецот или остварените загуби.

FTSE 100

Берзански индекс кој се состои од водечките 100 компании (според пазарската капитализација) со кои се тргува на Лондонската берза. Се нарекува уште и UK100. За повеќе детали за индексот, кликнете овде.

Futures Contract (Фјучерс)

Договор за купување или продажба на финансиски инструмент или хартии од вредност (на пр. суровини, акции, индекс) на одреден датум во иднина и по одредена цена. Со фјучерсите се тргува на берзите на фјучерси или на пазарите на фјучерси под стандардизирани услови (т.е. претходно утврдени износи за секој специфичен вид).

Futures Market (Пазар на фјучерси)

Пазар за купување и продажба на фјучерси на финансиските инструменти или хартии од вредност на датум во иднина и по одредена цена.

FWB

Скратено од Frankfurt Stock Exchange (познато и како Börse Frankfurt).

Дали знаете?
Учењето за Форекс и тргувањето со CFD може да Ви донесе многу придобивки, вклучувајќи и подобри резултати. Ако сте подготвени да започнете тргување на Fortrade, само кликнете на копчето ‘Tргувај сега’.
Барана акција: ажурирање на лозинката
Барана акција: креирање лозинка
За да го подобрите своето искуство при најава, наскоро ќе ги користите само својата е-пошта и лозинка наместо бројот на TP. Креирајте ја новата лозинка сега за да обезбедите непречен пристап.
Почнувајќи од денес, ќе треба да се најавите користејќи ја својата е-пошта и лозинка наместо вашиот TP број. Креирајте ја новата лозинка сега за повторно да имате пристап до сметката.
Important Update for Serbian Users
It looks like you're a Serbian resident.
To comply with regulatory requirements, our services for Serbian residents are provided through our trusted partner, Kapital RS Inc A.D. Belgrade.
Ќе бидете пренасочени на веб-страницата {{Brand name}}, регулирана од {{regulation name}}, врз основа на информациите што ги дадовте досега. Условите и заштитите може да се разликуваат.